Билска Чука

врв на Огражден во Петричко, Пиринска Македонија

Билска Чука (бугарски: Билска чука) — врв на планината Огражден сместен од страната на Петричко, Пиринска Македонија. Со 1.644 м претставува највисок врв бугарскиот дел на Огражден. Се издига на главното планинско било и има куполест облик со заоблени падини. Сместен е северозападно од врвот Маркови Кладенци и југоисточно од врвот Голак со кој е поврзан преку мало седло. Сочинет е од метаморфни карпи, пртежно биотитски и лискунски амфиболити. Почвата е циметна шумски, на места излужена и еродирана. Падините на врвот се обраснати со стари букови шуми, а на места се покриени со бел бор.

Билска Чука
Билска чука
Поглед на Билска Чука од исток
Највисока точка
Надм. вис.1.644 м
Координати41°30′31″N 23°00′26″E / 41.5086° СГШ; 23.0073° ИГД / 41.5086; 23.0073
Друго имеБилска чука
Географија
Билска Чука на карта

Карта

МестоПетричко, Пиринска Македонија
Матичен венецОгражден
Карта

Искачување

уреди

Главно пристапно место за искачување на Билска Чука е селото Гега, од каде почнува планинарска патека обележана со црвено која води до поножјето на врвот (месноста Плетваро).[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 88. ISBN 954-90006-1-3.

Надворешни врски

уреди