Гама Гавран ( γ Corvi, скратено Гама Crv, γ Crv ) е двојна ѕвезда и најсветлата ѕвезда во јужното соѕвездие Гавран, со привидна ѕвездена величина од 2,59.[11] Двете компоненти на системот се означени како Гама Гавран А (официјално наречена Џенах, традиционално име на системот) [12][13] и Гама Гавран Б, чија светлинска величина е 9,7 и која е оддалечена 1,1 лачна секунда од Гама Гавран А.[14] Растојанието до овој систем е измерено директно со помош на техниката на паралакса, давајќи околу 154 светлосни години(47 парсеци) од Сонцето .

Гама Гавран
Локација на γ Гавран (заокружено)
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Гавран
Ректасцензија 12ч 15м &1000000000483708100000048,37081с[1]
Деклинација –17° 32′ &1000000000030949600000030,9496″[1]
Прив. величина (V) 2.585[2]
Особености
Спектрален тип B8 III[3]
U−B Боен показател –0.344[2]
B−V Боен показател –0.111[2]
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)-4.2[4] км/с
Сопствено движење (μ) Рект: –158.61[1] млс/г
Дек.: +21.86[1] млс/г
Паралакса (π)21.23 ± 0.20[1] млс
Оддалеченост154 ± 1 сг
(47,1 ± 0,4 пс)
Апсолутна величина (MV)−0.79[5]
Податоци
γ Crv A
Маса4,2+0,4
−0,3
[6] M
Полупречник4.086[7] R
Површ. грав. (log g)3.5[8]
Сјајност301 ± 5[7] L
Температура12,000[8] K
Вртење5.938[7] days
Вртежна брзина (v sin i)35[7] км/с
γ Crv B
Маса0.8[9] M
Други ознаки
4 Corvi, BD–16 3424, FK5 457, HD 106625, HIP 59803, HR 4662, SAO 157176.[10]
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

Номенклатура

уреди

γ Corvi ( латинизиран во Гама Корви- Гама Гавран ) е име добиено според Бајеровото означување на системот. Означувањето на компонентите - Гама Гавран А и Б - произлегува од конвенцијата што ја користел Вашингтонскиот каталог за повеќекратни системи (WMC) за повеќе ѕвездени системи, а усвоен од Меѓународната астрономска унија (IAU).[15]

Гама Гавран го носел традиционалното име Гиена, изведено од арапски збор الجناح الغراب اليمن al-janāħ al-ghirāb al-yaman на Улуг Бег, што значело „десно крило на гавран“, иако на модерните табели го означува левото крило.[16] Ѕвездата Епсилон Лебед исто така го носела ова традиционално име и Гама Гавран било означена како Гиена Гавран или Гиена Гураб за да се разликува од ѕвездата на соѕвездието Лебед.

Во 2016 година, Меѓународната астрономска унија организирала Работна група за имиња на ѕвезди (WGSN) [17] за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите. WGSN одлучила да припише соодветни имиња на поединечни ѕвезди наместо на цели ѕвездени системи .[18] Го одобрила името Гиена за компонентата Гама Гавран A на 6 ноември 2016 година и Aljanah за Епсилон Лебед Aa на 30 јуни 2017 година.[2] И двете сега се вклучени во Списокот на имиња на ѕвезди одобрени од IAU. Al-janāħ al-ghirāb al-yaman или Djenah al Ghyrab al Eymen се појавил во каталогот на ѕвезди во Календарот на Al Achsasi Al Mouakket, кој на латински било преведено како Dextra ala Corvi .[4][10]

На кинески ,軫宿( Zhěn Sù ), што значи Кочија (астеризам), се однесува на астеризам кој се состои од Гама Гавран, Епсилон Гавран, Делта Гавран и Бета Гавран .[19] Следствено, самата Гама Гавран е позната како 軫宿一( Zhěn Sù yī, англиски: the First Star of Chariot ).[1][20]

Својства

уреди

Гама Гавран А е џиновска ѕвезда со ѕвездена класификација Б8 III и има приближно 4,2 пати поголема маса од Сонцето и 4,1 пати од радиусот на Сонцето .[2] Има делотворна температура од 12.000 К, два пати потопло од Сонцето, што му дава типична синобела нијанса на доцните ѕвезди од типот Б. [7] Спектарот на оваа ѕвезда прикажува аномално повисоко од нормалното изобилство на елементите жива и манган, што ја прави ѕвездата Меркур-манган ѕвезда .[5][21] Оваа хемиска особеност во инаку стабилна ѕвездена атмосфера најверојатно е предизвикана од одвојувањето на елементите преку дифузија и гравитациско таложење.[3][22]

Има потврден ѕвезден придружник со маса од околу 0,8 пати поголема од онаа на Сонцето, што може да орбитира на оддалеченост од околу 50 АУ во период од 158 години.[6][23] Фотометријата за Гама Гавран Б сугерира ѕвездена класификација во опсегот K5–M5 V.[8][9]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 van Leeuwen, F. (November 2007), „Validation of the new Hipparcos reduction“, Astronomy and Astrophysics, 474 (2): 653–664, arXiv:0708.1752, Bibcode:2007A&A...474..653V, doi:10.1051/0004-6361:20078357, S2CID 18759600
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Cousins, A. W. J. (1984), „Standardization of Broadband Photometry of Equatorial Standards“, South African Astronomical Observatory Circulars, 8: 59, Bibcode:1984SAAOC...8...59C
  3. 3,0 3,1 Houk, Nancy (1978), „Michigan catalogue of two-dimensional spectral types for the HD stars“, Michigan Catalogue of Two-dimensional Spectral Types for the HD Stars. Volume 4, Ann Arbor: Dept. of Astronomy, University of Michigan, 4, Bibcode:1988mcts.book.....H
  4. 4,0 4,1 Wilson, Ralph Elmer (1953), „General Catalogue of Stellar Radial Velocities“, Washington, Washington: Carnegie Institution of Washington, Bibcode:1953GCRV..C......0W
  5. 5,0 5,1 Anderson, E.; Francis, Ch. (2012), „XHIP: An extended hipparcos compilation“, Astronomy Letters, 38 (5): 331, arXiv:1108.4971, Bibcode:2012AstL...38..331A, doi:10.1134/S1063773712050015, S2CID 119257644
  6. 6,0 6,1 Janson, Markus; и др. (August 2011), „High-contrast Imaging Search for Planets and Brown Dwarfs around the Most Massive Stars in the Solar Neighborhood“, The Astrophysical Journal, 736 (2): 89, arXiv:1105.2577, Bibcode:2011ApJ...736...89J, doi:10.1088/0004-637X/736/2/89, S2CID 119217803
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 Kochukhov, O.; Khalack, V.; Kobzar, O.; Neiner, C.; Paunzen, E.; Labadie-Bartz, J.; David-Uraz, A. (2021-08-10). „TESS survey of rotational and pulsational variability of mercury-manganese stars“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 506 (4): 5328–5344. arXiv:2107.09096. doi:10.1093/mnras/stab2107. ISSN 0035-8711.
  8. 8,0 8,1 8,2 Fremat, Y.; Houziaux, L. (April 1997), „Elemental abundances in the Hg-Mn star γ Corvi“, Astronomy and Astrophysics, 320: 580–585, Bibcode:1997A&A...320..580F
  9. 9,0 9,1 Roberts, Lewis C. Jr.; Turner, Nils H.; ten Brummelaar, Theo A. (February 2007), „Adaptive Optics Photometry and Astrometry of Binary Stars. II. A Multiplicity Survey of B Stars“, The Astronomical Journal, 133 (2): 545–552, Bibcode:2007AJ....133..545R, CiteSeerX 10.1.1.549.4623, doi:10.1086/510335, S2CID 10416471
  10. 10,0 10,1 „gam Crv“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. (англиски)
  11. Kaler, James B. (Jim) (2004), „Gienah Corvi“, Stars, University of Illinois, Посетено на 18 March 2015
  12. Kunitzsch, Paul; Smart, Tim (2006). A Dictionary of Modern star Names: A Short Guide to 254 Star Names and Their Derivations (2nd rev.. изд.). Cambridge, Massachusetts: Sky Pub. ISBN 978-1-931559-44-7.
  13. „Naming Stars“. IAU.org. Посетено на 16 December 2017.
  14. „WDS 12158-1733 RBR 5 (Gienah)“. www.stelledoppie.it. Посетено на 2024-02-01.
  15. Hessman. „On the naming convention used for multiple star systems and extrasolar planets“. arXiv:1012.0707.
  16. Allen, Richard Hinckley (1899), „Star-names and their meanings“, New York, G.E. Stechert: 182, Bibcode:1899sntm.book.....A
  17. IAU Working Group on Star Names (WGSN), International Astronomical Union, Посетено на 22 May 2016
  18. „WG Triennial Report (2015-2018) - Star Names“ (PDF). стр. 5. Посетено на 2018-07-14.
  19. (на кинески) 中國星座神話, written by 陳久金.
  20. (на кинески) 香港太空館 – 研究資源 – 亮星中英對照表 Архивирано на 23 мај 2014 г., Hong Kong Space Museum.
  21. „The Colour of Stars“, Australia Telescope, Outreach and Education, Commonwealth Scientific and Industrial Research Organisation, December 21, 2004, Архивирано од изворникот на 2012-03-18, Посетено на 2012-01-16
  22. Knobel, E. B. (June 1895), „Al Achsasi Al Mouakket, on a catalogue of stars in the Calendarium of Mohammad Al Achsasi Al Mouakket“, Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, 55 (8): 429, Bibcode:1895MNRAS..55..429K, doi:10.1093/mnras/55.8.429
  23. Adelman, S. J.; и др. (February 2006), „Elemental abundance analyses with DAO spectrograms. XXIX. The mercury-manganese stars 53 Tau, β Tau, γ Crv, and υ Her“, Astronomy and Astrophysics, 447 (2): 685–690, Bibcode:2006A&A...447..685A, doi:10.1051/0004-6361:20053581