Херцеговско востание (1875-1878)

Херцеговското востание (српски: Херцеговачки устанак) претставува востание на христијанското население во Херцеговина и делови од Босна против Отоманското Царство. Во тоа време било оформено итн. прашање за Источната криза[1] бидејќи следувале Старозагорско востание и Априлско востание во Бугарија, војната на Србија и Црна Гора со Османлиското Царство и Руско-турската војна. Крајниот резултат од овој конфликт довел со окупација на Босна и Херцеговина од Австроунгарија[2].

Херцеговско востание 1875-1878
Дел од Подем на национализмот во Отоманското Царство
Место Босна и Херцеговина
Исход Источна криза, Османлиско-српска војна, Османлиско-црногорска војна
Завојувани страни
Етнички српски револуционери
поддржани од:
Кнежевство Црна Гора Црногорски волонтери
Српски волонтери
 Османлиско Царство
Команданти и водачи
Србија Колонел Деспотовиќ
Србија Остоја Корманош
Кнежевство Црна Гора Петар Вукотиќ
Мишо Љубибратиќ
Османлиско Царство Омар Паша
Сила
~32.000 100.000
Жртви и загуби
200,000 големи

Заднина

уреди

Нередите во земјата започнале уште во 1874 година[1]. Основата на конфликтот се наоѓал во постојаниот конфликт меѓу локалните муслимани кои владееле со земјата и земјоделските христијани кои не само што ја обработувале земјата туку плаќале и големи даноци. Истата година реколтата на земјоделците не била на задоволувачко ниво кое довело до влошување на финансиската состојба и голема економска криза во целата империја[3].

Движењето започнало како идеја за обединување на целото српско население во една национална држава. Сепак посетата на Франц Јосиф во Далмација во пролетта на 1875 година кога австрискио император добил множество писма за анексирање на Босна и Херцеговина дополнително довело до зголемување на пропагандата.

 
Оружје од востанието

Востанието започнало со напад на ајдутите на 5 јули 1875 година на патот меѓу Мостар и Невесине во близина на планината Бишина. Веќе во август востанието било проширено во речиси цела Херцеговина каде оперирале околу 12.000 востаници. Во септември востанието се проширело во Босна. Така за многу краток период востаниците постигнале голем успех зазимајќи многу тврдини и градови.

Покрај масовниот карактер на востанието, организацијата била ослабена од недостаток на единствено политичко и воено раководство. Напорите за консолидирање пропаднале поради соперништвото помеѓу неколку групи како социјалистичката или револуционерно-демократска, која се фокусира на потребата од земјишна и политичка реформа со приоритет пред приклучување на земјата кон Србија, и либералната, која безуспешно сакала обединување на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија во една земја. Одделни фракции сакале пристапување во Дунавската монархија или кон Србија, но под услов династија Обреновиќ да биде заменета од династија Караѓорѓевиќ. Социјалистичката група била практично елиминирана во јуни 1876, откако нејзиниот водач бил затворен. Во исто време бил изолиран и претставникот на Караѓорѓевиќ - Петар Караѓорѓевиќ-Маркониќ.

Бунтовите во Херцеговина и Босна и големите масовни репресии (до март 1876 бегалскиот бран во државните граници изнесувал 156 000 луѓе) предизвикале силен притисок во Србија и Црна Гора за ослободителна војна со Отоманското Царство. Ова предизвикало загриженост во Австроунгарија, која била против територијалната експанзија на двете словенски држави. Под притисок руската влада ја поддржала нотата на австроунгарскиот министер за надворешни работи од декември 1875 за спроведување земјоделски реформи, користење на приходите од босанските даноци само за двете провинции и муслиманско-христијанска комисија да врши надзор на примената на овие мерки. Нотата била усвоена од Високата порта (во февруари 1876), но не и од востаниците кои не гледале гаранции за спроведување на реформите додека двете области се под делумна отомански контрола. За да ги надминат недоразбирањата, со Берлинскиот меморандум од мај 1876 министрите за надворешни работи на Германија, Австроунгарија и Русија се согласиле да го одложат разоружувањето на востаниците и ветиле дека спроведувањето на реформите треба да биде под надзор на конзул на големите европски држави. Меморандумот немал ефект бидејќи бил отфрлен од Велика Британија. На крајот на јуни српскиот кнез Милан објавил војна на Османлиското Царство, проследена по неколку дена од црногорскиот кнез Никола.

1876-1878

уреди
 
Бегалци од Херцеговина (1889) дело на Урош Предиќ.

Избувнувањето на Српско-турската војна во летото 1876 година двело до интензивирање на востанието во Босна. Во јули црногорските војски влегле во Херцеговина и со помош на локалните востаници им нанеле неколку порази на османлиските војски.

Прогласувањето на соединувањето меѓу Србија и Босна кај Австроунгарија предизвикало негативна реакција. Со Рајхщадскиот договор (јули 1876) Русија се согласила австроунгарска окупација на Босна и Херцеговина. Договорот бил потврден во јануари 1877, набргу откако проектот за автономија на двете области конечно пропаднал на Цариградската конференција. Во меѓувреме, поразот на српската армија од Турците во октомври 1876 придонел Белград да склучи примирје и Србија ја намалила поддршката на востанието во Босна. Црногорската армија продолжила со воените дејствија во Херцеговина но во јуни 1877 година биле поразени. Во почетокот на август 1877 востаниците доживеале пораз од османлиските сили. Во меѓувреме започнала и Руско-турската војна која дозволила голем дел од востаниците да ги задржат своите позиции. Крајот на востанието настапило кога во август 1878 година поголемиот дел од востаниците се предале на Австроунгарија која ја окупирала Босна и Херцеговина.

Наводи

уреди