Клетовник (Десово)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Клетовник

Карта

Местоположба 41°27′45″N 21°29′28″E / 41.46250° СГШ; 21.49111° ИГД / 41.46250; 21.49111
Основни податоци
Место Десово
Општина Долнени
Тип

 некропола


Период доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Клетовникархеолошко наоѓалиште во прилепското село Десово. Претставува некропола од доцноантичко време и среден век. Се наоѓа на околу 4,5 км североисточно од селото, на превојот под врвот Дервен, покрај патот за селото Габровник. Со ерозијата на земјата се откриени повеќе гробови. Во непосредната близина има остатоци од средновековна населба и некропола. Пред селската црква Св. Троица има надгробна стела со релјефна претстава на три човечки фигури, донесена од ова наоѓалиште.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  2. Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998