Волчишта (Берско)
Волчишта (познато како В’лчишта, Вулчишта или Волчица; грчки: Λιβάδι, Ливади; до 1953 г. Βούλτιστα, Вултиста[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, денес во општината Пидна-Колиндар на округот Пиерија, Грција. Населението брои 235 жители (2011).
Волчишта Λιβάδι | |
---|---|
Поглед на црквата „Св. Илија“ | |
Координати: 40°30′N 22°27′E / 40.500° СГШ; 22.450° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Пиерија |
Општина | Пидна-Колиндар |
Општ. единица | Колиндар |
Надм. вис. | 195 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 235 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа северозападно од Колиндар, крај самиот пат што води од Либаново за Мелик и Бер, на надморска височина од 195 м.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиИако носи македонско (словенско) име, што е случај со повеќето села во ова подрачје, неговото население уште од порано има грчко потекло.[3]
Првпат името на селото е документирано во 1761 година во црковни документи од Бер. Кон крајот на XIX век богати Грци ја купиле земјата од Турците, која подоцна била подарена на светогорскиот манастир Григоријат.[4]
Во XIX век Волчишта било грчко село во Берската каза на Солунскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Волчица имало 42 жители, сите Грци.[5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Вилчица имало 35 Грци.[6]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 103 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 106.[3]
Во 1953 година, името на селото било променето во Ливади (Λιβάδι).
Стопанство
уредиНаселението произведува жито, а делумно се занимава и со сточарството.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 173 | 191 | 315 | 309 | 301 | 243 | 307 | 235 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиВо 1966 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 15 квадратни километри.[3] Општината Волчишта била приклучена во општината Колиндар во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Пидна-Колиндар.
Селото припаѓа на општинската единица Колиндар со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Пидна-Колиндар, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Волчишта, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости
уредиЦркви
- Црква „Св. Илија“ — манастирска црква изградена во 1835 година, дело на Кулакиската школа
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 270–271.
- ↑ „Λιβάδι“. web.archive.org. 2007-11-30. Архивирано од изворникот на 2007-11-30. Посетено на 2023-12-17.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 144. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 222–223.