Вулканско поле

(Пренасочено од Вулканското поле)

Вулканско поле — подрачје на Земјината кора подложно на месна вулканска активност. Не постои јасна дефиниција за типот и бројот на вулкани потребни да сочинат едно „поле“.[1] Вулканските полиња обично се состојат од групи со до 100 вулкани како згурни конуси. Може да се јават и лавини текови. Се среќаваат како моногенетски или полигенетски вулкански полиња.

Северната страна на вулканот Гарибалди во Гарибалдското Вулканско Поле, Канада.

Опис

уреди

Германскиот природонаучник Александар фон Хумболт во 1823 г. забележал дека геолошки младите вулкани не се рамномерно распределени по Земјината површина, туку се групираат во извесни региони. Младите вулкани ретко се среќаваат во кратони, туку се својствени за подрачја на подвлекување, раседни подрачја или во океански котлини. Меѓуплочните вулкани се групираат долж траги од врели точки.[2]

Во подрачја на вулканска активност, вулканските полиња се групи на вулкани со заеднички извор на магма.[3] За разлика од голем вулкан со потчинети отвори, отворите на вулканското поле имаат свој извор на магма, можеби со различен состав (како на пр. базалт и риолит), и овие отвори може да се протегаат по површина од илјадници квадратни километри.[4] Скориските конуси се особено подложни на групирање во вулкански полиња, чиј полупречник типично изнесува 30-80 км и имаат десетици илјади поединечни конуси. Необично големиот Трансмексикански Вулкански Појас има речиси 1000 конуси кои зафаќаат површина од 60.000 км2.[5]

Примери

уреди
 
Карапрнарско Поле, Турција
 
Кратерот СП во Санфранциското Вулканско Поле е згурен конус со базалтен лавин тек кој се протега 6 км.
 
Кратерот ел-Мувејлех во Судан со глина богата со натрон на кратерскиот под.

Канада

уреди
  • Атлинско Вулканско Поле, Британска Колумбија
  • Врангелско Вулканско Поле, Јукон
  • Гарибалдско Вулканско Поле, Британска Колумбија
  • Греј-Клирвотер, Британска Колумбија
  • Десолејшн, Британска Колумбија
  • Маунт Кејли, Британска Колумбија
  • Тујско Вулканско Поле, Британска Колумбија

Мексико

уреди
  • Бориншко Лавино Поле, Орегон
  • Висорамнина Таос, Ново Мексико
  • Врангелско Вулканско Поле, Алјаска
  • Индијан Хевен, Вашингтон
  • Клир Лејк, Калифорнија
  • Косо, Калифорнија
  • Латир, Ново Мексико
  • Мерисвејлско Вулканско Поле, Јута
  • Ретон-Клејтон, Ново Мексико
  • Санбернандиско Вулканско Поле, Аризона
  • Санфранциско Вулканско Поле, Аризона
  • Санхуанско Вулканско Поле, Колорадо
  • Транспекоско Вулканско Поле, Тексас
  • Хемес, Ново Мексико
  • Централноколорадско Вулканско Поле, Колорадо

Исланд

уреди

Африка

уреди
  • Атакор, Алжир
  • Бајуда, Судан
  • Ин Терија, Алжир
  • Мејдоб, Судан
  • Минзаз, Алжир
  • Немурс-Недрома, Алжир
  • Рекаме, Мароко
  • Тодра, Нигер
  • Улмес, Мароко
  • Уџда, Мароко
  • Харуџ, Фезан, Либија

Други

уреди
  • Чеџу, Јужна Кореја
  • Шен де Пиј, Оверњ, Франција
  • Агвас Саркас, Алахуела, Костарика
  • Антофагаста де ла Сиера, Катамарка, Аргентина
  • Вулкански Ајфел, Германија
  • Ку-Лао ре, Виетнам
  • Лагунско Вулканско Поле, Филипини
  • Њуер Волканикс, Австралија
  • Оклендско Вулканско Поле, Северен Остров, Нов Зеланд
  • Тавау, Сабах, Малезија
  • Централносканиско Вулканско Поле, Шведска

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Canon-Tapia, E (December 2017). „From 'Volcanic Field' to 'Volcanic Province': A Continuum of Spatial-Clustered Structures With Geological Significance or a Matter of Academic Snobbism?“. American Geophysical Union, Fall Meeting 2017, Abstract #V54A-01. 2017. Bibcode:2017AGUFM.V54A..01C.
  2. Schmincke, Hans-Ulrich (2003). Volcanism. Berlin: Springer. стр. 17–19. ISBN 9783540436508.
  3. „Volcanic Fields“. Capulin Volcano. National Park Service. Посетено на 27 October 2020.
  4. Ball, Jessica L (31 May 2023). „Having a (volcanic) field day in California“. United States Geological Survey. Посетено на 21 July 2023.
  5. Schmincke 2003, p.100