Исландска Висорамнина
Исландска Висорамнина (исландски: Miðhálendið, на македонски: Централни Високи Земји) – област од планини и висорамнини во центарот на Исланд. Се одликува со надморска височина поголема од 500 метри и вклучува ледени капи како што е Ватнајекидл. Негостољубива и пуста, областа е непогодна за живеење и речиси неискористена со исклучок на неколку хидроелектрични комплекси. Неколкуте патишта што поминуваат низ неа се затворени во поголемиот дел од годината заради суровите климатски услови.
Областа нема вегетација заради поларната клима, но и заради порозноста на земјиштето кое не може да ја задржи водата.
Ледниците се исто така дел од оваа област. Попознати се Ватнајекидл, Лангјекидл и Хофсјекидл.На работ на ледничките потоци или реки се развива малку вегетација, но таа е загрозена од поплави и особено од јоукулхејп (Jökulhlaup), подледнички вулкански ерупции.
Областа е пристапна само во лето, од јуни до август[1]), со вондрумски возила, единствените кои можат да совладаат овие патеки. Низ областа врват три патеки кои постојат од средниот век. Не е дозволено излегување од патеките заради осетливоста на околината, трагите од пневматиците се видливи уште неколку години по поминувањето на возилото.
Наводи
уреди- ↑ „Mountain Roads“ (PDF) (англиски). Environment Agency of Iceland. 2014. Архивирано од изворникот (PDF) на 21 April 2015. Посетено на 26 February 2012.
Надворешни врски
уреди- Исландска Висорамнина на Ризницата ?
- Photos from www.islandsmyndir.is
- Photos and information
- Actual road conditions Архивирано на 8 април 2011 г.