Јужен Полуостров (Исланд)
Јужен Полуостров (исландски: Suðurnes), тр. Сидирнес) — регион во северозападен Исланд. Наречен е по полуостровот Рејкјанес (Reykjanesskagi) на кој се наоѓа.
Јужен Полуостров Suðurnes | |
---|---|
Јужниот Полуостров во рамките на Исланд | |
Земја | Исланд |
Седиште | Кеплавик |
Површина | |
• Вкупна | 829 км2 (320 ми2) |
Население (2007) | |
• Вкупно | 20.300 |
• Густина | 24,5/км2 (630/ми2) |
Население уреди
Регионот има население од 22.000 жители и се вбројува меѓу најгусто населените делови на земјата. Седиштето му е во Кеплавик, кој сам по себе имал 7.000 жители, но се споил со Њардвик, образувајќи го Рејкјанеспајр — второ населено место по големина вон поширокото подрачје на Рејкјавик; во 2013 г. градот броел 14.231 жител.
Знаменитости уреди
На полуостровот се одвива активен вулканизам со големи лавини полиња, и затоа е мошне оскуден со растителнсот. Јужната половинја има голем број топли и сулфурни извори, особено околу езерото Клејварватн и геотермалното подрачје Крисивик. Кај Свартесенги има геотермална централа која го користи ова природно добро за производство на струја.
Друга позната знаменитост на подрачјето е раседната долина Аулваќау кај Кринтавик која ја бележи границата помеѓу тектонските плочи на Евроазија и Северна Америка. Преку оваа долина (широка 18, а длабока 6 м) во 2002 г. е изграден т.н. „Мост меѓу континентите“, со поранешно име „Лејф Касметливиот“ во чест на исландскиот морепловец Лејф Ериксон кој стасал до Америка 500 години пред Кристофер Колумбо.
На полуостровот се сместени некои рибарски гратчиња како Кринтавик и Њардвик заедно со Кеплавик и неговиот меѓународен аеродром „Лејфир Ериксон“, како и поранешната американска воена база. Недалеку од аеродромот е и познатата бања „Сина Лагуна“ (Bláa Lónið), која впрочем претстаува топло езеро.
Општини уреди
Општина | Изворно | Население[1] | Површина (км2) |
---|---|---|---|
Вогар | Sveitarfélagið Vogar | 1.268 | 164,4 |
Кардир | Sveitarfélagið Garður | 1.595 | 20,67 |
Кринтавик | Grindavíkurbær | 3.323 | 423,46 |
Рејкјанеспајр | Reykjanesbær | 17.805 | 144,48 |
Сангерди | Sandgerðisbær | 1.779 | 61,79 |
Поврзано уреди
Наводи уреди
- ↑ „Единици на месната управа“. ec.europa.eu. Посетено на 2018-08-10. (англиски)
Надворешни врски уреди
- Јужен Полуостров (Исланд) на Ризницата ?
- Посетете го Рејкјанес — официјален туристички портал (англиски)
- Јужен Полуостров (Рејкјанес) Архивирано на 23 август 2018 г. — Здружение на месните управи на Исланд (исландски)