Средец (планина)

планина во Костурско и Солунско, Егејска Македонија

Средец, други имиња: Деве Каран турски: Deve Karan и Камила (грчки: Καμήλα) — ниска планина во Кукушко и Солунско, Егејска Македонија[1]. Има издолжен облик во правец северозапад-југоисток и долга од околу 12 км. Планината е пресечена со клисура, низ која тече реката Курудере. Највисока точка е истоимениот врв Средец со 569 м, сместен во јужниот дел на планината.

Средец
Καμήλα
Средец на карта

Карта

Највисока точка
ВрвСредец
Надм. вис.569 м
Величина
Должина12 км
Друго имеΚαμήλα
Географија
МестоКукушко и Солунско, Егејска Македонија
Карта

Населени места

уреди

Околу неа се сместени следниве населени места, наведени во состав на денешните општини на кои им припаѓаат:

Историја

уреди

Во османлиско време, на турски планината се нарекувала Деве Каран, што значи „црна камила“.

За време на Втората балканска војна, Средец служел како набљудувачница на грчката војска во Битката кај Кукуш (19-21 јуни 1913).

Во 1953 г. е изграден параклис во чест на светиот цар Константин и царицата Елена. На врвот е поставен крст висок 14 м.

Стопанска активност

уреди

Во најјужниот дел на планината има каменолом, каде почнувајќи од 1981 г. се вади варовник за потребите на цементарницата „ТИТАН“.[2]

Наводи

уреди
  1. Кънчов, Васил (1970). Избрани произведения. Ι. София: Наука и изкуство. стр. 31.
  2. „Надзор врз каменоломот на планината Средец“. Одделение за физичка и околинска географија, Универзитет „Аристотел“ - Солун. Посетено на 25 јануари 2016.[мртва врска] (грчки)