Водочки манастир

манастир во Македонија
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Св. Леонтиј
Манастир Водоча 10.JPG
македонска православна црква
Епархија Струмичка
Местоположба

Карта

Место Водоча
Општина Струмица
Држава Македонија
Општи податоци
Изградба IV - XIV век
Живопис X, XI, XII век
Архитектонски опис

Манастирот Свети Леонтиј — познат и како Водочки манастир — е македонски средновековен православен христијански манастир и археолошко наоѓалиште кое се наоѓа во селото Водоча близу Струмица. Во манастирот се наоѓа седиштето, односно резиденцијата на владиката на Струмичката епархија, митрополитот г. Наум, а во него живее и женско монашко сестринство.

ИсторијаУреди

Комплексот цркви Св. Леонтиј се наоѓа во село Водоча на оддалеченост од 4 км. од Струмица. Во наоѓалиштето се сочувани три цркви (источна, западна и средна) со три фази на живописување во ентериерите, архитектонски остатоци, придружни објекти и манастирски комплекс, трпезарија, стопански објекти, две бањи и повеќеслојна христијанска некропола. Од 7 век до 9 век. Подигната е врз урнатините на ранохристијанска базилика, во времето на царот Самоил.[1] Подоцна е подигната источната, трикорабна куполна црква, која била епископска. Оваа црква била оштетена во Самуиловиот период а подоцна е повторно обновена. Како епископска се споменува во 1018 година во повелбите на Василиј II, по пропаста на Самоиловата држава. Денес од неа се зачувани олтарната апсида, проскомидијата и ѓаконикот. Првобитниот иконостас бил мермерен, а подот од мермерни плочи. Рушењето на оваа црква е поврзано со пропаста на Самоиловата држава и паѓањето на Струмица под византиска власт во 1018 година.

Водочки манастир
археолошко наоѓалиште
 


 

Местоположба 41°26′57″N 22°35′17″E / 41.44917° СГШ; 22.58806° ИГД / 41.44917; 22.58806Координати: 41°26′57″N 22°35′17″E / 41.44917° СГШ; 22.58806° ИГД / 41.44917; 22.58806
Основни податоци
Место Водоча
Општина Струмица
Тип

  црква


Период среден век
Портал „Археологија“

Во периодот од 1018 до 1037 година изградена е западната, мала крстовидна куполна црква поцветена на св. Богородица Елеуса и Воведение. Во струмичкиот крај во овој период постоеле три цркви на Св. Богородица Милостива (Елеуса) - Воведение,[1] втората во Велјуса од 1080 година и во Струмица од 12-13 век. Овој специфичен случај дава повод да се верува дека Струмица и блиската околина во далечното минато била област на "Пресвета Богородица Милостива".

Средната куполна црква на водочкиот комплекс е посветена на св. Леонтиј, Христијански маченик од градот Триполи, област Феникија кој е убиен во времето на римскиот цар Веспазијан во 69 и 79 год. поради прифаќањето на христијанството. Подигната е во почетокот на 12 век, таа е епископско седиште со сочуван синтронос во олтарната апсида, со нартекс на западната и со отворени тремови на јужната страна. Со подигнувањето на оваа крстообразна куполна црква, западната црква била претворена во нејзина припрата.[1] Како епископско седиште се споменува во еден хилендарски акт во 1376 год. во кој водочкиот епископ Данил и банскиот епископ Григориј со претставници на световната власт ги решавале споровите околу границите на хилендарските имоти во околината на Струмица. Некрополата која се наоѓа на југозападната и северозападната страна исто така го отсликува богатиот духовен и културен живот на наоѓалиштето.

Во текот на натамошните доградби на црквата, во 12 век, е подигнат еден параклис јужно од Богородичиниот храм, а во наредното столетие е изграден и јужен бестибил до главната црква. Во средновековниот период (14-15 век), бил подигнат и анекс западно од црквата, како и отворен трем на јужната страна од комплексот.[1]

Со археолошките истражувања се откриени преку 1000 гробови со прилози: накит и керамика кои се датирани од XIV - XIX век.

ЖивописУреди

Живописувањето на ентериерот на водочкиот комплекс цркви се одвивал во три временски периоди во X, XI и XII век. Иако сочуван фрагментарно поседува високи ликовни квалитети, а во сликарскиот израз се присутни влијанија од античката ликовна традиција и отпори кон влијанија од современите византиски стилско ликовни струења од Цариград и Солун и желба за раскинување со византиските сликарски принципи. Античкото сликарско влијание е застапено во еден мал фрагмент од половичен неиндитификуван лик од светител од X век, кој припаѓал на најстарата источна црква за чијашто моделација на инкарнатот се користени широки намази на пигментите и акцентирање на експресија на очите и драматизмот.

Во оштетениот фреско-живопис во западната водочка црква посветена на Богородица Елеуса и Воведение присутни се нови идни настојувања на балканската византиска уметност. Во неа е изведена најстарата илустрација на апокрифното Богородичино житие на македонска територија во средновековниот период.[1] Особени белези на сликарството во оваа црква ги карактеризираат издолженоста на телата, и цврстата моделација на главите на Светителите. Фрагментираните сцени се со претстава од животот и детството на Пресвета Богородица, циклусот на црковни празници и претставата на фигурите на Светителите во цел раст на Св. Исавриос и Св. Евплос се насликани во периодот од 1018 и 1037 год, се вбројуваат меѓу ремек делата на средновековната уметност не само во Македонија, туку и во византиското сликарство воопшто. Во стилско-ликовен поглед оваа сликарство е блиско на сликарството остварено во црквата Света Софија во Охрид,[1] и со сликарството во црквите Свети Лука во Фокида и во Неа Мони на Хиос. Од фреско-живописот од средната водочка црква посветена на св. Леонтиј која е насликана во првата половина на 12 век се сочувани претстави на шест Архијереи — сцени со претстава на Св. Севастиски маченици.

ГалеријаУреди

Изглед и надворешностУреди

Внатрешност и живопис на цркватаУреди

Археолошко наоѓалиштеУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 111. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)