Владимир Симоновски
Владимир Симоновски (4 април 1974, Битола) — македонски ликовен уметник[1] .
Владимир Симоновски | ||
Роден | 4 април 1974 Битола, СФРЈ | |
---|---|---|
Националност | Mакедонец | |
Занимање | сликар, вајар |
Животопис
уредиВладимир Симоновски е роден на 4 април 1974 година, во Битола, каде го завршил основното и средното образование.
Студирал Машински факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности - Скопје - отсек вајарство во класата на професорот Бедим Ибрахим при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Бил претседател на Друштво на ликовните уметници - Битола од 2010 до 2014 година.
Творештво
уредиАвтор е на повеќе самостојни изложби, а учествувал и на бројни групни изложби во Македонија и странство.
Самостојни изложби
уреди- Битола, Прилеп, Кавадарци, Струга од 2011 до 2018
- Кинотека на Македонија, Скопје, Битола - Магаза, 2020[2]
- „Рудименти“, Нова сцена, Центар за култура Битола, 2021[3]
Групни изложби
уреди- „Vernissage“, Битола, 1995
- „Transform“, Истанбул, Турција, 2009
- „Art Muse“, Битола 2013, 2014, НУ Завод и музеј-Битола
- Меѓународно графичко триенале Битола, Битола, 2013, 2021
- Меѓународно графичко триенале на графики од мал формат - Шамалиер, Франција - Triennale Mondiale de l'Estampe Chamalières , 2011
- „Time collectors“, Даут-пашин амам, Скопје, НУ Завод и музеј-Битола, 2014[4]
- Традиционални Четвртоноемвриски изложби на Друштвото на ликовни уметници од Битола од 2014-2021
Сценографии
уредиУчествувал и во дизајнирањето на неколку театарски претстави:
- Сценографија за претставата „Јов“ од Венко Андоновски во режија на Сашо Миленковски, Драмски театар Скопје, 2016
- „Буре барут“ од Дејан Дуковски во режија на Сашо Миленковски, Драмски театар Скопје, 2020
- „Дух“ – од Дејан Дуковски во режија на Сашо Миленковски, Народен Театар Охрид, 2021
Награди
уреди- Награда за рекламен материјал на МТФ „Војдан Чернодрински“ , Прилеп, за претставата „Јов“ , 2016
- Четвртоноемвриска награда на ДЛУБ, за најдобро ликовно остварување во 2018-2019 [5]
- Почесна награда за придонес во светското графичко творештво на 10 Меѓународно графичко триенале Битола, 2021
Литература
уреди- „Куферот на Макс Фриш“, 2020[6]
- „Рудименти“, 2021[7]
- Изложба - Владимир Симоновски и Владо Ѓорески[8]