Министерство за образование на Кина
Министерството за образование на НР Кина (кинески: 教育部; пинјин: Jiàoyùbù) е министерство задолжено за образованието во Кина, со седиште во Пекинг. Надлежен орган за министерството е Државниот совет, кој ги пропишува правилата што важат за сите сфери од образовниот систем во земјата. Тука спаѓаат задолжителното основно образование, средната и стручна спрема и високото образование.
Министерство за образование на НР Кина | |
---|---|
教育部 | |
Џаојибу | |
Податоци за органот | |
Надлежност | Кина |
Седиште | Пекинг |
Раководител | Јуен Гуејжен (Министер за образование) |
Матичен орган | Државен совет |
Ограноци | Национална служба за кинескиот како странски јазик (NOCFL) Кинески стипендиски совет |
Мрежно место | |
moe.edu.cn |
Меѓу другото, министерството има задача да издава уверенија за наставниот кадар, да спроведува стандардизација на наставната програма и учебниците, да воспоставува стандарди и да врши општ надзор на целиот образовен систем, настојувајќи да ја „осовремени Кина по пат на образованието“. Како установа, дава нагласок на техничките струки наспроти академството како такво.
Од 1985 до 1998 г. органот се нарекувал „Државна комисија за образование“.
Список на министри
уредиБр. | Име | Стапил | Напуштил |
---|---|---|---|
Министер за образование на Централната народна влада | |||
1 | Ма Сјилуен (马叙伦) | октомври 1949 | ноември 1952 |
Министер за образование | |||
2 | Џанг Сјижуо (张奚若) | ноември 1952 | февруари 1958 |
3 | Јанг Сјуфенг | февруари 1958 | февруари 1964 |
4 | Лиу Џипинг (刘季平) | в.д., февруари 1964 | октомври 1964 |
5 | Хе Веј (何伟) | октомври 1964 | јуни 1966 |
непополнето за време на Културната револуција | |||
6 | Џоу Жунгсјин | јануари 1975 | април 1976 |
7 | Лиу Сјијао (刘西尧) | јануари 1977 | февруари 1979 |
8 | Џанг Нансјанг (蒋南翔) | февруари 1979 | мај 1982 |
9 | Хе Дунгчанг (何东昌) | мај 1982 | јуни 1985 |
Претседател на Државната комисија за образование | |||
10 | Ли Пенг | јуни 1985 | април 1988 |
11 | Ли Тјејинг | април 1988 | март 1993 |
12 | Џу Кајсјуен (朱开轩) | март 1993 | март 1998 |
Министер за образование | |||
13 | Чен Џели | март 1998 | март 2003 |
14 | Џоу Џи | март 2003 | ноември 2009 |
15 | Јуен Гуејжен | ноември 2009 | во служба |
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Министерство за образование на НР Кина Архивирано на 13 јули 2005 г. (англиски)