Љу Јендунг

кинеска политичарка

Љу Јендунг (кинески: 刘延东, пинјин: Liú Yàndōng; р. ноември 1945) — вицепремиер на Кина и член на Политбирото на Комунистичката партија на Кина, поранешен член на Државниот совет. Со пензионирањето на Ву Ји, Љу станала највисокорангирана жена во партијата и една од вкупно две жени во Политбирото.[1]

Љу Јендунг
刘延东
Вицепремиер на НР Кина (II ранг)
На должноста
Стапил
16 март 2013
Премиер Ли Кеќанг
Претходник Хуј Лиангји
Државен советник на Кина
На должноста
17 март 2008 – 16 март 2013
Служи со Љанг Гуангље, Ма Кај, Менг Ѓанџу, Дај Бингуо
Премиер Вен Ѓабао
Член на Политбирото на КПК
На должноста
Стапил
ноември 2007
Ген. секретар Ху Ѓинтао
Си Ѓинпинг
Лични податоци
Роден(а) ноември 1945
Нантунг, Ѓангсу
Националност Кинеска
Партија Комунистичка партија на Кина
Установа универзитет „Цингхуа

Младост и образование уреди

Родена е во градот Нантунг во покраината Ѓангсу и дипломирала хемија на универзитетот „Цингхуа“ во 1970 г. Во 2009 г. добила почесен докторат по правни науки од универзитетот во Стоуни Брук во САД.

Политичка кариера уреди

Влегла во политиката со ангажман во Сојузот на комунистичката младина. Од 2002 до 2007 г. била на функцијата Началник на Обединетиот фронт — организација за усогласување на останатите партии во Кина со државната политика на КПК. Како долгогодишен соработник на тогашниот претседател Ху Ѓинтао, во 2007 г. стапила во XVII Политбиро на Комунистичката партија на Кина. На Националното народно собрание во 2008 г. е избрана за член на Државниот совет.

На XVIII Собрание во 2012 г. е избрана за член на XVIII Политбиро на КПК. Во 2013 г. на пленарната седница на XII Собрание е назначена за вицепремиер во кабинетот на Ли Кеќанг.

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди