Министерство за одбрана на Кина
Министерството за национална одбрана на НР Кина (кинески: 国防部; пинјин: Guófángbù) е министерство во надлежност на Државниот совет, а начие чело стои министерот за национална одбрана. Основано е по одлука на првата седница на I Национално народно собрание во 1954 г. За разлика од други земји, министерството не заповеда со вооружените сили, бидејќи тие се под раководство на Централниот воен комитет (ЦВК). Министерството е орган кој служи како претставник на ЦВК и војската во воена размена и соработка со армиите на други држави.
Министерство за национална одбрана | |
---|---|
国防部 | |
Зградата „Првоавгустовска“ — седиште на Министерството за одбрана на НР Кина | |
Податоци за органот | |
Надлежност | Кина |
Седиште | Пекинг |
Раководител | Ли Шангфу (Министер за национална одбрана) |
Матичен орган | Државен совет |
Мрежно место | |
mod.gov.cn (англиски) |
Службените должности на министерството подразбираат обединето раководење со развојот и одржувањето на воените сили, каде спаѓаат регрутацијата, организацијата, опремувањето, обуката, военонаучните истражувања на армијата, но и да водат сметка за чиновите и паричниот надомест на офицерите и професионалните војници. Во практика, сите овие функции ги врши Генералштабот на самата војска, со кој раководи ЦВК.
Структура
уредиМинистерството за одбрана има неколку одделенија:
- Општа служба
- Служба за надворешни работи
- Мировничка служба
- Служба за регрутација
Општата служба на министерството воедно игра улога на Општа служба на Генералштабот. Кадрите на другите служби се припадници на генералштабот.
Министер
уредиИако самото министерство нема значајни надлежности, функцијата на Министерот за одбрана важи за една од најважните во државата. Лицето на оваа функција секогаш е старешина во активна служба и обично е потпретседател на ЦВК, државен советник и член на ЦК на партијата, што му овозможува да носи одлуки на воено, државно и партиско ниво.
Список на министри
уредиБр. | Име | Стапил | Напуштил |
---|---|---|---|
1 | Марш. Пенг Дехуај | септември 1954 | април 1959 |
2 | Марш. Лин Бјао | април 1959 | септември 1971 |
непополнета | |||
3 | Марш. Је Џенјинг | јануари 1975 | март 1978 |
4 | Марш. Сји Сјенгчен | март 1978 | март 1981 |
5 | Генг Бјао | март 1981 | јуни 1983 |
6 | Ген. Џанг Ајпинг | јуни 1983 | март 1988 |
7 | Ген. Чин Џивеј | март 1988 | март 1993 |
8 | Ген. Чи Хаотјен | март 1993 | март 2003 |
9 | Ген. Цао Гангчуан | март 2003 | 17 март 2008 |
10 | Ген. Љанг Гуангље | 17 март 2008 | 16 март 2013 |
11 | Ген. Чанг Ванчуен | 16 март 2013 | 19 март 2018 |
12 | Ген. Веи Фенге | 19 март 2018 | 12 март 2023 |
13 | Ген. Ли Шангфу | 12 март 2023 | во служба |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- „Министерство за национална одбрана“. SinoDefence. Архивирано од изворникот 2007-11-09. Посетено на 2007-11-21. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Министерство за одбрана на НР Кина
- Министерство за одбрана на НР Кина (англиски)
- 中国军网 (Вооружени сили на Кина)
- China Military — портал на кинеската армија (англиски)