Министерство за финансии на Кина

Министерство за финансии (кинески: 财政部, пинјин: Cáizhèngbù) — министерство на владата на НР Кина што се занимава со макроекономската политика на земјата и нејзиниот буџет. Раководи и со фискалната политика, економските регулативи и државните расходи.

Министерство за финансии
财政部
Податоци за органот
Основан 1949
Надлежност  Кина
Седиште Пекинг
Раководител Лоу Џивеј
(Министер за финансии)
Матичен орган Државен совет
Мрежно место
mof.gov.cn

Министерството води евиденција и издава годишни податоци за економијата, вклучувајќи ги досегашните стапки на економски раст, државниот долг и зајмувањето како и многу други показатели.

Делокругот на министерството е помал од оној на неговите пандани во други земји. Со макроекономските работи раководи главно Националната комисија за развој и реформи, државниот сектор од стопанството е во надлежност на Комисијата за надзор и управување со државна сопственост, а посстојат посебни регулаторни тела за банкарството, осигурувањето и хартии од вредност. Покрај ова, министерството не се занимава со регулација на пазарите на пари и каматните стапки. Со нив, и со сета останата монетарна политика, се занимава Народната банка на Кина. Овие установи имаат еднаков статус со министерството, и нивните раководители исто така членуваат во Државниот совет.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди