Висанско

село во Костурско, Егејска Македонија

Висанско (грчки: Πευκόφυτο, Певкофито, до 1928. година Βύσαντσκο/ν, Висанцко/н[2]) — село во општина Нестрам, Егејска Македонија со 84 жители (2001).

Висанско
Πευκόφυτο
Висанско is located in Грција
Висанско
Висанско
Местоположба во областа
Висанско во рамките на Нестрам (општина)
Висанско
Местоположба на Висанско во Општина Нестрам и областа Западна Македонија
Координати: 40°17′N 20°57′E / 40.283° СГШ; 20.950° ИГД / 40.283; 20.950Координати: 40°17′N 20°57′E / 40.283° СГШ; 20.950° ИГД / 40.283; 20.950
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаНестрам
Општ. единицаАренес
Надм. вис.&10000000000000961000000961 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно84
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија Уреди

Југозападно од Костур и Нестрам, во јужните пазуви на планината Грамошта, на самата граница на Македонија со Епир, е расположено селото Висанско. Покрај селото тече реката Коница (Сарандапорос).[3]

Историја Уреди

Во постаро време селото претставувало чисто македонска населба, која била напуштена во воените години, а потоа била населена со Грци дојдени од Епир како сточари. Кон крајот на XIX век, Висанско е село во Борботската нахија во Костурската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, Висанско имало 160 жители Грци.[4]

Демографија Уреди

Селото според пописот од 1913 година имало 174 жители, во 1920 година 176, во 1928 година 231, а во 1940 година 322 жители. Селото настрадало во граѓанската војна, а населението целосно било повлечено во 1947 година, а вратено во 1950 година. Во пописот од 1951 селото има 166 жители. Главно занимање на населението е шумарство, а споредни се сточарството и земјоделството.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

1913 1920 1928 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
174 176 231 332 166 242 113 37 41 84 85

Наводи Уреди

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βύσαντσκον -- Πευκόφυτον
  3. Христов Симовски 1998, стр. 10.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 268.
  5. Христов Симовски 1998, стр. 11.

Извори Уреди

  • Христов Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје.