Вилдесхаузен (германски: Wildeshausen; долногермански: Wilshusen) — град и административно седиште на округот Олденбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот се наоѓа во средишниот дел на Природниот парк „Вилдесхаузер Гест“, сместен на реката Хунте.

Вилдесхаузен

Wildeshausen

Старото Градско собрание на Вилдесхаузен
Старото Градско собрание на Вилдесхаузен
Старото Градско собрание на Вилдесхаузен
Грб на Вилдесхаузен
Вилдесхаузен во рамките на Германија
Вилдесхаузен
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Олденбург
Градоначалник Јенс Курашински (независен)
Основни податоци
Површина 89,47 км2
Надм. височина 19 м
Население 21.154 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 236 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OL
Пошт. бр. 27793
Повик. бр. 0 44 31
Портал www.wildeshausen.de
Местоположба на градот Вилдесхаузен во рамките на округот Олденбург
Карта
Карта
Координати 53°54′0″N 8°26′0″E / 53.90000° СГШ; 8.43333° ИГД / 53.90000; 8.43333

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Вилдесхаузен се наоѓа во областа на Клопенбургер Гест. Се граничи на југозапад на округот Фехта, додека остатокот од градскот подрачје се граничи со различни општини во округот Олденбург.

Вилдесхаузен е окружен град на Олденбург и средиште на областа. Блиски поголеми градови се Олденбург на север (околу 30 км), Бремен на североисток (околу 30 км) и Оснабрик на југ (околу 70 км). Вилдесхаузен се наоѓа во метрополитенската област Северозапад.

Соседни општини

уреди

Градот се граничи со следниве општини (од север надесно): општината Детлинген, општините Принцхефте, Винкелзет и Колнраде (сите во општинската заедница Харпштет), општината Голденштет, општината Фисбек, како и со општината Гросенкнетен.

Градски единици

уреди

Покрај градското јадро, кое е поделено на три дела (Штат I, II и III), како и од областа која го опкружува (Landgemeinde). Во тоа подрачје се вклучени помали села или имоти.(бројот на жители од 1 јануари 2017 година во заградите)[2]:

  • Алдруп (30)
  • Аумиле (287)
  • Барглој (102)
  • Бирен (52)
  • Денгхаузен (12)
  • Дингструп (201)
  • Гармхаузен (19)
  • Глане (31)
  • Ханштет (46)
  • Хајнефелде (40)
  • Хестерхеге (57)
  • Холцхаузен (165)
  • Клајненкнетен (173)
  • Ломиле (60)
  • Лирте (174)
  • Пеструп (17)
  • Шпаше (7)
  • Телштет (58)

Историја

уреди

Во 1648 година, Вилдесхаузен и околниот округ биле предадени на Шведска, во рамки на Вестфалскиот мир, кога бил доделен како феуд на Густав Густавсон аф Васаборг, непризнаен син на кралот Густав Адолф. Во 1679 година, по договорот од Нимвеген, бил заложен на Минстер, за заем од 100.000 риксдалери.

Политика

уреди

Градски совет

уреди

Градскиот совет се состои од 32 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 15.001 и 20.000 жители.[3] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[4]

Партија/Листа Места
SPD 9
CDW-фракција[5][6] 6
CDU 4
UWG 6
GRÜNE 2
FDP 2
LINKE 1
PIRATEN 1
EWV Шулце Теминг-Ханхоф 1

Во април 2018 година, четворица членови на CDU се одвоиле и основале фракција.[5] На почетокот на мај 2018 година, уште двајца други членови се одвоиле од CDU и се приклучиле на фракцијата.[6]

Градоначалник

уреди

Градоначалник на градот Вилдесхаузен е Јенс Курашински.

Збратимени градови

уреди

Вилдесхаузен е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Stadt Wildeshausen: Bauerschaften Abgerufen am 22. September 2020.
  3. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 9. Dezember 2011.
  4. Sitzverteilung des Stadtrates nach der Kommunalwahl 2016.
  5. 5,0 5,1 „Wildeshausen: Christliche Demokraten für Wildeshausen gründen Fraktion“. kreiszeitung.de. Посетено на 2018-04-24.
  6. 6,0 6,1 „Wildeshausen: Stöver und Hennken gehen zur CDW – Wildeshausen“. kreiszeitung.de. Посетено на 2018-05-08.

Надворешни врски

уреди