Детлинген (германски: Dötlingen) — општина во округот Олденбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното седиште на општината е во селото Нерштет.

Детлинген
Селската црква во Детлинген
Селската црква во Детлинген
Селската црква во Детлинген
Грб на Детлинген
Детлинген во рамките на Германија
Детлинген
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Олденбург
Градоначалник Ралф Шпиле (ДХС)
Основни податоци
Површина 101,84 км2
Надм. височина 22 м
Население 6.336 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 62 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OL
Пошт. бр. 27801
Повик. бр. 04433, 04432
Портал www.doetlingen.de
Местоположба на Детлинген во рамките на округот Олденбург
Карта
Карта
Координати 52°56′10″N 8°22′50″E / 52.93611° СГШ; 8.38056° ИГД / 52.93611; 8.38056

Географија уреди

Местоположба уреди

Општината Детлинген се наоѓа во областа на Природниот парк „Вилдесхаузер Гест“. Низ општината тече реката Хунте.

Соседни општини уреди

Општината се граничи на североисток со општината Гандеркезе, на југоисток со општината Принцхефте, на југ и југозапад со градот Вилдесхаузен, на запад со општината Гросенкнетен и на северозапад со општината Хатен.

Општински единици уреди

Општината Детлинген е составена од следниве места: Алтона (29 жители), Ашенштет (672 жит.), Барел (111 жит.), Бреторф (861 жит.), Буш (126 жит.), Детлинген (1.501 жит.), Гефесхаузен (97 жит.), Град (47 жит.), Хајдхојзер (30 жит.), Хокенсберг (474 жит.), Изерлој (29 жит.), Клатенхоф (131 жит.), Нерштет (1.440 жит.), Нутел (105 жит.), Ое (49 жит.), Остритрум (291 жит.), Раде (111 жит.), Улхорн (43 жит.) и Бее (80 жит.).

За општински цели самата општина е поделена на 15 дела, а од секој има посебен претставник. Овие делови (окрузи) се Барел, Бреторф I, Бреторф II, Детлинген I, Детлинген II, Град, Хокенсберг, Изерлој, Клатенхоф, Нерштет I, Нерштет II, Нутел, Остритрум, Раде и Вее.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски уреди