Википедија:Селска чешма (Критики)/Архива 2
Текстови
уредиZosto tekstovite za makedonija na angliski jazik se razlikuvaat od onie na makedonskijazik?
- Бидејќи работат различни луѓе на двата проекти и не се баш преведени исто. Покрај тоа, македонски уредници потешко уредуваат таму поради добропознати причини.--Никола Стојаноски 11:08, 23 јуни 2009 (UTC)
Инфлација на Македонската Википедија
уредиКаква темна енергија, односно мотивација е причината за ваквата неприродна инфлација на македонската Википедија во последно време? Дали некој од овдешните административци ќе ја објасни таквата налудничава тактика? Зарем сакате оваа Википедија да служи за потсмев и како негативен пример за останатите?!
- Што ве мачи господине/ госпоѓо/ госпоѓице? Ако имате некој проблем со Википедија слободни кажете јасно во што е проблемот да го решиме. Ако во случај сте нашле некоја мала неисполнета статија, ве повикувам да ни помогнете и да ја дополните. Со коментарите кои го иставате и потрошеното време за истите, до сега ќе направевте средна статија по големина. Се најдобро.--Никола Стоіаноски 14:22, 15 октомври 2010 (CEST)
- Доколку сметате дека оваа Википедија служи единствено и само за потсмев, тогаш ве поканувам да ни се придружите поактивно да заземате учество во добивање на што подобар квалитет на нашите статии. Инаку, вашиот коментар може да протолкува како злонамерен лично според мене. Доколку сметате дека Македонската википедија служи за потсмев и се служите со зборови како налудничава тактика, и се обраќате до администраторите, морам да кажам дека ова лично е навреда, бидејќи според вас администраторите залудно си го губат времето на нашата википедија. Од друга страна, доколку имате некаква идеја за мотивација или промоција на македонската википедија, слободно дадете ја. Критика секој може да даде, но дали е потребна...--Тиверополник (разговор) 14:26, 15 октомври 2010 (CEST)
- Знаете вие многу добро за што станува збор. Говорам за трескавичното, лажно зголемување на бројот на страници и уредувања. Бројот на активни корисници е во постојан пад, а бројот на страници и уредувања енормно расте. Се разбира дека некој некого тука мами. Поради тоа на страницата со статистики на англиската Википедија од пред некој ден е изземен синтетичкиот податок за длабина на македонската Википедија. Уште еднаш прашувам, кој е одговорен за тоа замешателство? --MarSFreak (разговор) 15:55, 15 октомври 2010 (CEST)
- Чекај сега, ти како некој опозиционер пишуваш. Доколку не си запознаен за правилата на Википедија, те молам побарај помош, прочити па размисли. А, велиш кој е одговорен, според мене, вие сте одговорен, јас ... Незнам шо ти е целта на разговорот--Тиверополник (разговор) 16:30, 15 октомври 2010 (CEST)
- Бројот ако расте тоа значи дека некој прави статии. Земи и ти направи некоја и ќе видиш дека бројката ќе рипне. Без мудрување молам. Пријатни мигови на Википедија на македонски јазик која сега има 42 000 статии. --Никола Стоіаноски 16:41, 15 октомври 2010 (CEST)
- Отстранувањето на вредноста на овој статистички параметар за Википедија на македонски беше поради пренасочувањата на статиите од другите јазици кон статиите на македонски јазик. Така на пример, доколку во лентата за прелистување на страници запишете خورشید, добиениот резултат ќе биде статијата Сонце, кон којашто всушност пренасочува статијата на фарси. Слично е и со другите јазици и пренасочувањата кон другите статии. Искрено, јас сум против ова и беше побарано истите да бидат избришани од одговорниот корисник, кој со бот ги создава истите.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:30, 15 октомври 2010 (CEST)
- Сметам дека корисникот кој го прави тоа треба веднаш да се оневозможи во таквата пракса, зашто без оглед какви му биле намерите, фактички нанесува огромна штета на македонската Википедија. Така само создава неверојатна збрка во статистичките показатели и сериозно ја загрозува веродостојноста на самата Википедија. --MarSFreak (разговор) 18:13, 15 октомври 2010 (CEST)
- Отстранувањето на вредноста на овој статистички параметар за Википедија на македонски беше поради пренасочувањата на статиите од другите јазици кон статиите на македонски јазик. Така на пример, доколку во лентата за прелистување на страници запишете خورشید, добиениот резултат ќе биде статијата Сонце, кон којашто всушност пренасочува статијата на фарси. Слично е и со другите јазици и пренасочувањата кон другите статии. Искрено, јас сум против ова и беше побарано истите да бидат избришани од одговорниот корисник, кој со бот ги создава истите.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:30, 15 октомври 2010 (CEST)
- Бројот ако расте тоа значи дека некој прави статии. Земи и ти направи некоја и ќе видиш дека бројката ќе рипне. Без мудрување молам. Пријатни мигови на Википедија на македонски јазик која сега има 42 000 статии. --Никола Стоіаноски 16:41, 15 октомври 2010 (CEST)
- Чекај сега, ти како некој опозиционер пишуваш. Доколку не си запознаен за правилата на Википедија, те молам побарај помош, прочити па размисли. А, велиш кој е одговорен, според мене, вие сте одговорен, јас ... Незнам шо ти е целта на разговорот--Тиверополник (разговор) 16:30, 15 октомври 2010 (CEST)
- Знаете вие многу добро за што станува збор. Говорам за трескавичното, лажно зголемување на бројот на страници и уредувања. Бројот на активни корисници е во постојан пад, а бројот на страници и уредувања енормно расте. Се разбира дека некој некого тука мами. Поради тоа на страницата со статистики на англиската Википедија од пред некој ден е изземен синтетичкиот податок за длабина на македонската Википедија. Уште еднаш прашувам, кој е одговорен за тоа замешателство? --MarSFreak (разговор) 15:55, 15 октомври 2010 (CEST)
- Доколку сметате дека оваа Википедија служи единствено и само за потсмев, тогаш ве поканувам да ни се придружите поактивно да заземате учество во добивање на што подобар квалитет на нашите статии. Инаку, вашиот коментар може да протолкува како злонамерен лично според мене. Доколку сметате дека Македонската википедија служи за потсмев и се служите со зборови како налудничава тактика, и се обраќате до администраторите, морам да кажам дека ова лично е навреда, бидејќи според вас администраторите залудно си го губат времето на нашата википедија. Од друга страна, доколку имате некаква идеја за мотивација или промоција на македонската википедија, слободно дадете ја. Критика секој може да даде, но дали е потребна...--Тиверополник (разговор) 14:26, 15 октомври 2010 (CEST)
- Што ве мачи господине/ госпоѓо/ госпоѓице? Ако имате некој проблем со Википедија слободни кажете јасно во што е проблемот да го решиме. Ако во случај сте нашле некоја мала неисполнета статија, ве повикувам да ни помогнете и да ја дополните. Со коментарите кои го иставате и потрошеното време за истите, до сега ќе направевте средна статија по големина. Се најдобро.--Никола Стоіаноски 14:22, 15 октомври 2010 (CEST)
┌────────────────────────────────────┘
Како што забележувам во уредувањата на ботовите, повеќе не се создаваат ваквите пренасочувања, што мислам дека е чекор напред кон целосно бришење на веќе создадените непотребни страници.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:38, 15 октомври 2010 (CEST)
- Е кога зборев јас дека тоа е голема глупост со пренасочувањата, никој не коментиравте. Сега сите треба рачно да се бришат.--Никола Стоіаноски 19:30, 15 октомври 2010 (CEST)
- Уредувањата може да се избришат со ботот, така што Brest, кој е администратор и може да брише страници, ќе го најави ботот со своето корисничко име и ќе започне со бришењето на статии. Главниот проблем поради кое се појави ова беше, тоа што Brest не поднесе барање за извршување на оваа услуга со ботот, што е спротивно на неговото барање, другите корисници да поднесат барање на страницата за барање услуги. Уредувањето на овие пренасочувања го забележав на крајот од август, но очигледно се започнало на почетокот од месецот. На Вики средбата на 3 сетември го споменав ова, но никој не обрна внимание, сметајќи го истото за безначајно, а Brest го одби мојот коментар, истакнувајќи дека ботот извршува огромна работа. Ми се допаѓа што „ни плеснаа шлаканица“ на Мета, со што мислам дека ќе нè научат како треба.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:50, 15 октомври 2010 (CEST)
- P.S.Инаку, може ли да посочиш каде си опоменал за уредувањето на овие страници. Отсуството на одговор може да се смета за уште една голема грешка, со која се одбива значењето на ваквите проекти.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:52, 15 октомври 2010 (CEST)
- Ова се однесува и на статии како на пример [Мери II од Енглеске]. Случајно налетав, а можеби ги има којзнае колку--Тиверополник (разговор) 19:53, 15 октомври 2010 (CEST)
- Да, ботот создаваше пренасочувања на сите јазици на кои постојат статиите кои ги има на Википедија на македонски јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:57, 15 октомври 2010 (CEST)
- Ова се однесува и на статии како на пример [Мери II од Енглеске]. Случајно налетав, а можеби ги има којзнае колку--Тиверополник (разговор) 19:53, 15 октомври 2010 (CEST)
- Е кога зборев јас дека тоа е голема глупост со пренасочувањата, никој не коментиравте. Сега сите треба рачно да се бришат.--Никола Стоіаноски 19:30, 15 октомври 2010 (CEST)
- Еве тука се наоѓа разговорот за пренасочувањата, но стандардно не е добиена согласност бидејќи се менува темата. Тесно поврзано со тоа, е и овој разговор. Убаво ни одеше, се пренасочувуваа само термини кои се тесно сврзани со статијата (оригинален назив и слично), а сега ќе треба да се избришат и непотребните и потребните пренасочувања. Не знам дали може да му се нареди на ботот да ги брише само тие што ги ставал. А зошто не нè известил, поима немам. --Никола Стоіаноски 20:01, 15 октомври 2010 (CEST)
- Мислам дека е добро овде да се заврши дискусијата. Продолжувањето се само непотребни зборови, кои може да ги надразнат засегнатите од неговата содржина. Се надевам дека корисникот MarSFreak ги доби потребните информации. Сепак, добро е да се напомене дека Википедија на македнски јазик има огромна помош од услугите на Brest-bot, без кои мислам дека ќе се мачевме уште многу долго.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:26, 15 октомври 2010 (CEST)
- Во ред е, ако се сопре тој тренд на индексирање во празно, како претходно кај Википедијата на рипуарски, заради што делумно и ја блокираа во статистичките показатели, тогаш сметам дека, сепак, имало некаква корист од мојата реакција. Македонската Википедија не заслужува да биде компромитирана само заради еден таков превид. Поздрав! --MarSFreak (разговор) 21:22, 15 октомври 2010 (CEST)
- Ова за пренасочувачките беше на место, ама сите други непотребни и омаловажувачки навреди кон мк админите и мк Википедија не ти требаа. BTW, од каде си толку запознаен со МК Вики, јас те немам забележано тука. Се надевам ќе ни помогнеш и со статии тука. Поз--Никола Стоіаноски 21:28, 15 октомври 2010 (CEST)
- Википедиите до извесна мера го одразуваат степенот на писменост на одредена средина, односно национална култура. Затоа, и некој 'аутсајдер' може да укаже на нешто што не е во ред и се случува веќе со недели, а никој не реагира. А оние две црти наместо индексот на длабина го гледаат милиони и милиони луѓе низ цел свет и воопшто не е некоја безначајна работа по угледот на македонската Википедија. Такво нешто досега ѝ се има случено само на рипуарската верзија и на ниту една друга. Тоа ми беше поентата, а не кој кого надмудрил. --MarSFreak (разговор) 22:09, 15 октомври 2010 (CEST)
- Мислам дека е добро овде да се заврши дискусијата. Продолжувањето се само непотребни зборови, кои може да ги надразнат засегнатите од неговата содржина. Се надевам дека корисникот MarSFreak ги доби потребните информации. Сепак, добро е да се напомене дека Википедија на македнски јазик има огромна помош од услугите на Brest-bot, без кои мислам дека ќе се мачевме уште многу долго.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:26, 15 октомври 2010 (CEST)
- Честито на сите. Од срце ви посакувам изолација во статистика. Да почнам. На мета, на статистиката во воведот пишува:
„ |
The "Depth" column (Edits/Articles × Non-Articles/Articles × Stub-ratio) is a rough indicator of a Wikipedia’s quality, showing how frequently its articles are updated. It does not refer to academic quality, which cannot be computed, but to Wikipedian quality, i.e. the depth of collaborativeness—a descriptor that is highly relevant for a Wikipedia. Depths above 300 for Wikipedias below 100 000 articles have been automatically dismissed as irrelevant. |
“ |
последната реченица важи за Википедиите каде корисници самоволно и без договор работат и остваруваат цели - нелогични. Такви Википедии во изолација и без никаков сериозен поглед се: Википедија на македонски јазик со 42.000 статии, Википедија на рипурски јазик со 18.000 статии и неколку Википедии со стотина статии. До каде стигнавме. Уште од сега сакам да потенцирам дека ова нема никаква, ама баш никаква врска со сите иницијативи за зголемување на бројот, ама со енормно големиот број уредувања. Споредете ги уредувањата и вкупните статии со бројот на статии на Википедија ќе добиете несоодветен размер. Со еден збор на мета не нè фермаат веќе. Мора да се бришат пренасочувачките - ако воопшто тоа ќе помогне. Ова дури сега го видов, кога посочи MarsFreak. Никој не не известил за таквото дејство, никој не ни кажал што е планот, а се работи. Пред некое време приметив дека безвезни работи се одвиваат ама не ни помислив дека ќе стигнеме до ова дереџе.--Никола Стоіаноски 00:55, 16 октомври 2010 (CEST)
Лузери
уредиДраги неколку македонски Википедијанци,
Колку што гледам, успеавте во последнава година да ги набркате од Македонскава википедија сите заинтересирани, и да си направите од неа приватна забава. Една мала дружина од 4-5 самобендисани ликови, преку самонареченото подобрување, всушност работи на блокирање на еден јавен проект, каков што е Википедија. Со ограничувањето на пристапот на уредувачите, цензурата, рангирањето, систематското потценување на статии преку разни несоодветни тагирања, и слични недоветности кои си ги измисливте, ја намаливте популарноста на Македонската википедија и кај идните уредувачи и кај идните читатели.
Се покажува дека моето гледање го делат и многу други читатели и уредници, бидејќи сообраќајот од Македонија кон македонската википедија во Q3/2010 е паднат за 57% во однос на Q3/2009 - од 14,7% на 6,4%! И да споменеме дека уделот од Македонија во сообраќајот е под оној на Кувајт, Катар и сл., што зборува и за популарноста. Прочитајте си ги трендовите овде [1], и чукнете си ги главите!
Поради тоа, и покрај тоа што за една-две години со голем ентузијазам започнав неколку илјади статии на македонската википедија, решив да не учествувам во оваа, како што реков, Ваша приватна забава.
За жал, и да Ви платеа непријателите на проектот Македонска википедија (а можете самите да ги видите и меѓу некои уредувачи), немаше да можете да направите повеќе штета. Со оглед на енормниот пад на сообраќајот, би Ви сугерирал итно да организирате една средба на која ќе ги анализирате причините и ќе донесете заклучоци во вистинската насока.
Ви посакувам што поскоро да Ви светне дека правите глупости, Црноризец (разговор) 10:37, 4 ноември 2010 (CET)
- Ова е навистина загрижувачки, но во март оваа година од територијата на Македонија пристигнувале само 3 милиони посети, за разлика од периодот кога е направена последната анкета, кога се наведува дека овој број изнесува 5,7 милиони посети, што е многу чудно. Инаку, доколку имате некој предлог и доколку сте загрижени околу Википедија на македонски јазик, слободно може да наведете од што конкретно сте незадоволни и како заедницата може да Ви помогне. Инаку, Вики средби се одржуваат редовно, со временска разлика од еден месец. Повеќе информации може да добиете на страницата наменета за таа цел, на која исто така може да оставите коментар или да го најавите Вашето присуство на некоја средба.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:10, 4 ноември 2010 (CET)
- Обично сум голем фан на статистичкото поткрепување на одредени тврдења, меѓутоа овде по поголема анализа на сите податоци околу посетите на Википедија, мора да нагласам дека имам огромна резерва околу овие податоци. Но, дури и да претпоставиме дека статистиките се точни мора да се нагласи дека секаде на Балканов (Албанија, Бугарија, Србија, и Грција), има пад на посетата на мајчиниот јазик во корист на англискиот. Ова е најдрастично во Македонија и Албанија. Навистина немам одговори за ова во моментов, меѓутоа скептичен сум дека една веб страна може да има двојно помалку посетители за само еден квартал. Кирил, не знам од каде дојде бројката од 3 милиони посети? Најновата анкета покажува 5,7 милиони посетители од Македонија? Исто тоа е скоро двојно зголемување од мај 2010 (кога го давав интервјуто за it.com.mk и беше над 3 милиони посетители. Значи ако се држиме до статистиките посетеноста на веб-страните на Википедија на сите јазици од Македонија е многу порасната, но релативното учество на македонската Википедија во овие посети е намалено. Lies, damned lies and statistics? --FlavrSavr (разговор) 21:36, 4 ноември 2010 (CET)
- АЖУРИРАЊЕ: денес повторно ги проверив статистиките кои не загрижуваа: сообраќајот од Македонија кон македонската Википедија во Q4/2010 е пораснат на 15,5%, а пресметките за претходниот квартал не се веќе 6,4%, туку 9.2%. Значи, нема потреба од паника. посетено на 20 ное 2010 --FlavrSavr (разговор) 16:30, 20 ноември 2010 (CET)
Дали сме за потсмев
уредиСо оглед на разговорот со корисникот Bjankuloski06, отварам нова тема со која сметам дека ќе разрешиме конечно некои работи на Википедијата на македонски јазик. Ова се случува во време кога сме сè повеќе критикувани од страна на некои поранешни активни корисници или администратори. Се работи за големите пропусти кои ги имаат направено (намерно или не, знаејќи или не) македонските уредувачи. Она што било - поминало. Сега се поставува едно прашање: Дали сме спремни конечно овие пропусти да ги отстраниме, или повторно ќе уредуваме кој како сака. Ова најмногу се однесува за спремноста на еден проект да работат сите најактивни уредувачи (барем според мене, не се повеќе од 5-6). Знам дека некои од администраторите покренаа иницијатива за уредување на лидерите по држави, празните статии за години и слично, но ништо не заврши како што треба. Разговорот со Bjankuloski06 започна со негова критика околу моите правописни или граматички грешки, можноста да се поправаат некои транскрипции, ставање на големи букви кај географските поими, граматичкиот редослед и облик на зборовите и.т.н. За да не должам многу, сите заинтересирани да го прочитаат целосниот разговор. Лично, би сакал да се задржиме на следните точки:
- Список на лидери на држави по година
- Празните статии по години, кога ќе се преместат статиите од типот 1 во 1 година или слично.
- Категоризација
- Можноста да се направи Бот за промена на географските поими
- Спремноста на нашата википедија да се справи со граматичкиот редослед на статиите
- Што правиме со статиите кои немаат референци односно наводи, како и статии кои не исполнуваат никакви критериуми
Значи, можеби некој со потсмев ќе го прочита цел овој текст, но сакам да знам дали сум потребен во уредувањето на овие проблеми, кои проблеми ќе се отстранат единствено и само со напорна и заедничка работа, или пак да си се вратам на старата работа со пишување и уредување на она што лично на мене ќе ми се допадне. Доколку се нафатиме на работа, би требало да се откажиме од неколку активности, бидејќи немаме никаков капацитет. Се надевам дека секој од вас ќе си го постави ова прашање дали сакаме да продолжиме како до сега, или пак да се превземат конкретни мерки и конечно да знаеме до каде сме стигнати. Лично многу ми е криво некој кога ме нарекува лузер или не обвинува за некаква си диктатура--Тиверополник (разговор) 12:54, 4 ноември 2010 (CET)
- Овој проблем, според мене, има две страни. Од едната се празните статии (за кои рековме ќе ги дополнуваме) а од другата страна се енормно големиот број уредувања и вкупни страници. Знаеме кој е крив за второто, не знаеме како да се реши. Кога ќе споредиш 5-6 корисници со 706.565 вкупно страници и 1.769.619 уредувања нормално е човек да праша what a fuck is going on here? Извините за изразот ама баш прилега за ситуацијава. За празните страници имаше некој предлог за уредување со бот, ама и од тоа ништо. --Никола Стоіаноски 13:24, 4 ноември 2010 (CET)
- Јас можам само да констатирам дека секој оној кој уредува на Википедја има слобода во она што ќе го уредува, доколку истото е во склад со прописите на Википедија. Исто така, семтам дека нападите и критиките од страна на „поранешните корисници“, во никој случај не треба да се сфатат сериозно, од проста причина што како поранешни корисници имаат одредено искуство во уредувањето и самите се во можност работите коишто оставаат негативен впечаток да ги поправат. Нели, Википедија е проект на којшто секој може да уредува.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:14, 4 ноември 2010 (CET)
- Инаку, кога сме кај посочените работи, благодрам Тивериополник за исцрпната анализа и доброопфатената рамка за она што е потребно да се среди. Јас покренав иницијатива за пополнување на списоците за лидери по години и за таа цел создадов проект во рамките на кој би требало да се координираат активностите за понатамошното пополнување на останатите статии за години. Сепак, дознав дека постои можност сите празни статии да се пополнат и со бот, па поради тоа во моментов целата работа замре. Мислам дека е најдобро да почекаме и да одредиме која можност е подобра и истата да ја одбереме. Дотогаш, најдобро би било секој да се нафати на она што го интересира или на некој друг подготвен проект.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:21, 4 ноември 2010 (CET)
- Кирил, точно незнам како функционира Ботот (да бидам искрен, не сум ни заинтересиран многу), но доколку е можно да се направи, Ок, но кога ќе биде тоа? Дали да си продолжиме по истиот пак, или пак да нафатиме на најтешката работа: отстранување на шаблоните внимание, викифицирање или без извори. Според мене, доколку на овие проблеми работиме 4-5-6 постојани уредувачи, мислам дека за еден месец ќе се средат сите статии. Мислам дека не никој од нас нема да му претставува проблем по десетина статии да уредува дневно. Кога сме овде, сакам да прашам и за проблемите поврзани со додавање на шаблонот без извори на статии како на пример: Список на француски кралеви или Александар Белов. Повторно знаеме како дошло до ова, но повторно незнаеме како да го отстраниме.Значи, имаме голем број на проблеми кои мислам дека еден по еден треба да започнеме да ги отстрануваме. Според мене, еден ден на секој од нас можеби ќе му здодее да пишува на википедија, можеби некој нема да има повеќе време, бидејќи овде сум веќе повеќе од четири години и многу нешта се променија во мојот живот. Но, доколку од утре решам дека повече не сум во состојба да придонесувам за нашата вики, се прашувам некој што ќе дојде по мене (ако дојде), што ќе наследи? Мислам дека ме разбирате--Тиверополник (разговор) 07:37, 5 ноември 2010 (CET)
- Во контекст на разговоров имам една работа да кажам: опуштено! Деновиве гледам голема нервоза во и околу Википедија, и конкретно не ја сфаќам причината за тоа. Најпосле, сите ова го работиме од љубов, и нема потреба да се расправаме меѓу себе или да сфаќаме толку лично некоја критика. Поминавме долг пат и мислам дека имаме видливи успеси. Мислам дека главниот проблем моментално не е квалитетот на статиите, туку слабостите на заедницата. Комуникацијата е на многу ниско ниво, и секој како да се обидува да ја докаже својата поента без разлика на последиците и меѓучовечките односи. На Вики-средбите не доаѓа никој, околу Викимедија Македонија трчаат 3-4 луѓе, а администраторската мејлинг листа речиси не се користи. Јас би го дефокусирал разговорот од квалитетот, односно од содржините, и би го насочил на луѓето. Нема прилив на нови луѓе и тоа е нус-ефект токму од подигнувањето на стандардите и затоа мислам дека треба да ги олабавиме бариерите за влез на нови корисници. Околу постојните корисници исто не се прави многу за нивна мотивација. Наместо да развиваме заедница, се фокусираме на можеби помалку значајни проекти: како бришење на избрани статии или отстранување на неактивни администратори. Википедија = луѓе (содржините се само резултат). Лоши односи меѓу луѓето = лоша Википедија. Дајте да направиме тука да ни биде убаво. Поздрав. --FlavrSavr (разговор) 12:35, 5 ноември 2010 (CET)
- Кирил, точно незнам како функционира Ботот (да бидам искрен, не сум ни заинтересиран многу), но доколку е можно да се направи, Ок, но кога ќе биде тоа? Дали да си продолжиме по истиот пак, или пак да нафатиме на најтешката работа: отстранување на шаблоните внимание, викифицирање или без извори. Според мене, доколку на овие проблеми работиме 4-5-6 постојани уредувачи, мислам дека за еден месец ќе се средат сите статии. Мислам дека не никој од нас нема да му претставува проблем по десетина статии да уредува дневно. Кога сме овде, сакам да прашам и за проблемите поврзани со додавање на шаблонот без извори на статии како на пример: Список на француски кралеви или Александар Белов. Повторно знаеме како дошло до ова, но повторно незнаеме како да го отстраниме.Значи, имаме голем број на проблеми кои мислам дека еден по еден треба да започнеме да ги отстрануваме. Според мене, еден ден на секој од нас можеби ќе му здодее да пишува на википедија, можеби некој нема да има повеќе време, бидејќи овде сум веќе повеќе од четири години и многу нешта се променија во мојот живот. Но, доколку од утре решам дека повече не сум во состојба да придонесувам за нашата вики, се прашувам некој што ќе дојде по мене (ако дојде), што ќе наследи? Мислам дека ме разбирате--Тиверополник (разговор) 07:37, 5 ноември 2010 (CET)
- Овој проблем, според мене, има две страни. Од едната се празните статии (за кои рековме ќе ги дополнуваме) а од другата страна се енормно големиот број уредувања и вкупни страници. Знаеме кој е крив за второто, не знаеме како да се реши. Кога ќе споредиш 5-6 корисници со 706.565 вкупно страници и 1.769.619 уредувања нормално е човек да праша what a fuck is going on here? Извините за изразот ама баш прилега за ситуацијава. За празните страници имаше некој предлог за уредување со бот, ама и од тоа ништо. --Никола Стоіаноски 13:24, 4 ноември 2010 (CET)
Стагнација
уредиЗдраво на сите. Би сакал да започнам една дискусија која ја водевме со Kiril Simeonovski. Но, пред да го направам тоа, ме интересира дали и вие мислите дека на Википедија на македонски јазик постои стагнација, па дури и опаѓање? Зборувам за повеќе параметри, а главно за бројот на активни корисници. --FlavrSavr (разговор) 12:15, 6 декември 2010 (CET)
- Па, да, секако! --Brainmachine (разговор) 15:57, 7 декември 2010 (CET)
- Ќе замолам ако може да се развие дискусија во која ќе се побараат и соодветни решенија. Она што беше разговарано е само општ впечаток и најдобро би било кога целата заедница ќе се согласи околу начинот на избегнување на ваквиот негативен тренд.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:04, 7 декември 2010 (CET)
Кирил, да се појаснам малце, значи секако дека целта на оваа дискусија е да се развијат решенија за одредени проблеми. Луѓето негативно реагираат на секцијата Критики, па можеби требаше ова да оди во секцијата Идеи. Но пред да започнеме да разговараме за решенија, треба да ги препознаеме проблемите. Сметам дека имаме повеќе проблеми, па да почнам со најголемиот. --FlavrSavr (разговор) 18:41, 12 декември 2010 (CET)
- Се согласувам дека местото на оваа дискусија не е овде, туку на селската чешма, но не може да го третираме како идеја.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:06, 12 декември 2010 (CET)
1. Глобална вики-стагнација
уредиНе знам колку се сите свесни, но на Викиманија, на пример, една од главните теми беше проблемот на глобалната вики-стагнација. Имено, факт е дека вики-ентузијазмот е намален, глобално. Причините се сè уште нејасни, влијаат огромен број на фактори, но мислам дека некои од причините се: губењето на "novelty" факторот (Википедија веќе не е нова и свежа идеја), зголемената бирократија во рамките на самата Википедија (особено англиската) и егзодусот на интернет корисниците кон друштвените мрежи. Се плашам дека, како македонска викизаедница, не можеме нешто премногу да направиме за ова. Дали има други мислења? --FlavrSavr (разговор) 18:41, 12 декември 2010 (CET)
- Па, би можеле за почеток да ја зголемиме сопствената активност на ова вики и со тоа да дадеме пример. Се чувствувам глупо барајќи начини со кои Википедија може да ја победи стагнацијата, кога лично имам месеци со неактивност. :S Ветувам дека во иднина ќе се обидам да уредувам повеќе од сега.
- Можеби треба да постојано да се прашуваме: можеме ли да ја промовираме Википедија во јавноста и дали промовирањето ќе донесе нови читатели и уредувачи? Како може промовирањето да се изведе? Дали можеме да ја искористиме на некој начин моќта на друштвените мрежи за да привлечеме луѓе? Како да ги поттикнуваме читателите да станат уредувачи? Дали тоа воопшто е изводливо? Како постојано да ги мотивираме новите уредувачи за да продолжат да уредуваат, а и веќе старите уредувачи да не си одат? Каква би била идеалната вики-заедица, кон што треба да се стремиме? --Brainmachine (разговор) 21:10, 12 декември 2010 (CET)
- EDIT: Да не скокам премногу, игнорирајте ги прашањата што ги напишав, сега ги дефинираме проблемите. ДА, постои глобална стагнација, а и ние сме погодени од неа. Понатаму? --Brainmachine (разговор) 21:15, 12 декември 2010 (CET)
- Мое мислење е дека Википедија не е нешто ново во глобални рамки, но во Македонија сè уште е енигма, односно многу малку се запознаени како истата навистина функционира.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:28, 12 декември 2010 (CET)
Со Ivica83 подготвуваме маркетинг план кој секако ќе ги опфати социјалните медиуми. Инаку, Зоран, ова е сепак волонтерска работа. :-) Јас сега имам повеќе време за Википедија, но планирам тоа време повеќе да го искористам за Викимедија Македонија, бидејќи сметам дека таму може повеќе да придонесам за развојот на Википедија (иако индиректно). Се надевам дека со текот на времето дека сите од нас ќе имаме доволно време да им посветиме и на двата проекти, бидејќи едното не може без другото. --FlavrSavr (разговор) 13:03, 14 декември 2010 (CET)
2. Бариери за влез
уредиОва можеби ќе биде поконтроверзно и би сакал да го дискутираме. Имам впечаток дека технолошките опции кои ги има македонската Википедија одговараат за многу поголеми Википедии. Не знам до кој степен влијаат проверуваните ревизии, оценувањето и слично, но сигурен сум дека ги зголемуваат бариерите за влез на нови корисници. Гледам дека огромен број на статии се "во исчекување" и мислам дека можеби овие опции се преголем залак за нас. Освен тоа, секаде зборуваме дека секој може да уредува, дека сме најотворени, ама сега испаѓа дека некој треба и да одобри. Што мислите за ова? --FlavrSavr (разговор) 13:09, 14 декември 2010 (CET)
- Секој новитет е добре дојден, но лично секогаш сум тврдел дека немаме капацитет од 4-5 уредувачи да превземаме новитети. Ова се однесува и за ревизиите. Дел од нас не ги проверуваат статиите кои ги уредуваат. Тоа е факт! Според мене на некои теми се дискутира премногу, а истите немаат ефект. Други се проблемите со празни статии. Во целина, немаме шанси засега, затоа и не дискутирам на многу теми, бидејќи потребна е работа а со тоа и забава. --Тиверополник (разговор) 13:32, 14 декември 2010 (CET)
- Се согласувам дека овој новитет беше преголем залак за нас. Нема ништо да изгубиме ако ги „изгубиме“ ревизиите и оценувањата. Кои други бариери ги имаме, освен оваа? --Brainmachine (разговор) 13:55, 15 декември 2010 (CET)
- Јас сум да се вратиме чекор назад со некои од овие опции. Често слушам дека проверувањето на ревизиите не ослободува од вандалите. Тоа можеби е точно, ама исто така не ослободува и од многу потенцијални уредници. Јас гледам дека на некои статии со месеци стојат сосема валидни промени во исчекување. Википедија како енциклопедија не е заснована на премисата дека отвореноста на статиите ќе доведе до ентропија, туку дека корисните уредници се многу повеќе од оние кои сакаат да наштетат - и досега тоа е успешен експеримент! --FlavrSavr (разговор) 16:22, 18 декември 2010 (CET)
- Да дадеме конечен предлог за отстранување на оваа опција. Прво да се договориме како заедница, а ако сите се согласуваат, да пратиме молба за да ја отстранат. Самиот факт дека има добри промени кои долго време не се прикажуваат на страниците заради тоа што не се прегледани е доволен аргумент за да вратиме по старо. Еве, видете во Специјални:СтариОценетиСтраници, најстарата непрегледана страница е стара 224 дена! --Brainmachine (разговор) 19:45, 18 декември 2010 (CET)
- Јас сум да се вратиме чекор назад со некои од овие опции. Често слушам дека проверувањето на ревизиите не ослободува од вандалите. Тоа можеби е точно, ама исто така не ослободува и од многу потенцијални уредници. Јас гледам дека на некои статии со месеци стојат сосема валидни промени во исчекување. Википедија како енциклопедија не е заснована на премисата дека отвореноста на статиите ќе доведе до ентропија, туку дека корисните уредници се многу повеќе од оние кои сакаат да наштетат - и досега тоа е успешен експеримент! --FlavrSavr (разговор) 16:22, 18 декември 2010 (CET)
- Оценувањето статии нема врска со привлекувањето нови корисници. --Никола Стоіаноски 11:41, 19 декември 2010 (CET)
- Кога се расправаше за воведување на овие функционалности на мк.вики за жал немаше издржана дискусија. Мојот коментар по тој повод може да се види овде. Тогаш не гласав а и сега нема да гласам, затоа што од секогаш сум и секогаш ќе сметам дека со гласање не се создава квалитет, посебно нема да гласам кога отсуствува издржана дискусија. Мојот став по однос на изнесените „критики“ овде е дека функционалностите се сосема во ред и потребни. Можеби избрзавме со нивното воведување но сега не треба да се бара да се отстранат. Јасно е едека не може да се оценат 100% од статиите за кратко време, но сметам дека добро напредуваме (види статистики). Точно е тоа дека овие функционалности претставуваат бариера за злонамерните уредувачи но и за добронамерните уредувачи, бидејќи дури и искусни уредувачи, „забораваат“ да направат оценка на статиите кои ги уредуваат испуштајќи златна шанса да го зголемат процентот на оценети страници. Би сакал да обрнам внимание и на фактот дека нерегистрирани ботови многу брзо драстично го зголемуваат бројот на непрегледани статии иако во принцип нивното уредување треба да е автопотврдено со оглед на тоа што нивните измени се најчесто од типот на додавање на интервики врски. Лекот за ова е поголема будност на администраторите и веднаш кога ќе забележат некој бот како уредува а не е регистриран истиот да го блокираат а од операторот на ботот да побараат да го регистрира ботот на соодветен начин. А секако бирократите да бидат поажурни и да не оставаат некое барање за бот да остане предолго не разгледано. Уредувањата на регистрираните ботови се сметаат за автоматски оценети на статии кои претходно биле оценети, што значи ботот нема да генерира неоценети статиите, додека ако статијата е неоценета секое наредно бот уредување ќе се смета за неоценето, од логички причини. Пример непроверено бот уредување бидејќи статијата претходно не била проверена, проверено бот уредување бидејќи претходната ревизија била проверена, значи регистрираниот бот не генерира дополнителни непроверени статии. Додека уредувањето на Movses-bot чека за оценка иако последната ревизија била проверена од Brest, додека пак искусниот корисник Bjankuloski06 иаку ја уредувал страницата „заборавил“ да ја оцени--brest (разговор) 00:22, 20 декември 2010 (CET)
- Се сложувам со Брест. Прво, за новите корисници проверката на статиите воопшто не е бариера за уредување и праксата покажала дека секоја нова статија од моментот кога е воведена оваа функција е проверена. Второ, нормално е дека не може сите да бидат проверени, види полска или руска Вики каде имаат голем број непроверени (барем според мое искуство), но велам доста е сработено и може да се верува на лицата кои го тврдат ова е се нон-стоп на Википедија. Трето, мислам има неколку опции за тоа како да функционира ова оценување на статии. Стандардно уредувањата на ботот не се опфатени, но може да се побара од багзила ботовите да се автоматски оценувачи (се вметнува дополнителен код мислам ако не се лажам), но мора да прашаме кои сè можности ги има ова оценување па ќе решиме. Инаку кога поднесов барање, ги побарав стандардните параметри, но ако сакате ќе прашаме дали можат ботовите да се автоматски проверувачи или оценувачи. Од дополнителните опции ги земавме автопатролер, патролер, оценувач и уредувач, од кои две се дел од самиот процес на оценување статии. Повторно велам, да не си троршиме време и зборови на оваа тема, зошто ова не е проблемот што Википедија нема нов „кадар“ и го губи стариот. Вака доаѓа дека наоѓаме причина, а не е тоа. И на крај, ако немаме решение за привлекување нови корисници, сто пати подобро е сите кои трошиме време на оваа секција да напишеме по две квалитетни статии, сè за доброто на Вики. Поздрав--Никола Стоіаноски 18:47, 20 декември 2010 (CET)
- Се извинувам за доцниот одговор, имав многу обврски неделава. Значи, загриженоста за влијанието на оваа функционалност врз бројот на новите корисници, не е само моја, туку ја делат и највисоките претставници на Фондацијата Викимедија: еве една пошта од извршниот директор Сју Гарднер. Последното истражување на Ортега за оваа функционалност, сè уште не го опфати ефектот која таа го има или нема врз новите уредници (беше во TODO листа). На Википедија на англиски јазик, оваа екстензија се користи само на одредени статии, најчесто на статиите за биографии на живи личности. Најголемиот број на Википедии не ја користат Flagged reviews. Интуицијата ми говори дека со ова негативно влијаеме на бројот на нови корисници, но ќе го почекам нумеричкиот доказ за да покренам гласање. Веќе кажав дека не сум сигурен само до кој степен влијае, можеби влијанието не е толку значајно. Сепак, јас во принцип сум против оваа екстензија, бидејќи мислам дека со неа Википедија станува помалку слободна. --FlavrSavr (разговор) 14:36, 25 декември 2010 (CET)
- Се сложувам со Брест. Прво, за новите корисници проверката на статиите воопшто не е бариера за уредување и праксата покажала дека секоја нова статија од моментот кога е воведена оваа функција е проверена. Второ, нормално е дека не може сите да бидат проверени, види полска или руска Вики каде имаат голем број непроверени (барем според мое искуство), но велам доста е сработено и може да се верува на лицата кои го тврдат ова е се нон-стоп на Википедија. Трето, мислам има неколку опции за тоа како да функционира ова оценување на статии. Стандардно уредувањата на ботот не се опфатени, но може да се побара од багзила ботовите да се автоматски оценувачи (се вметнува дополнителен код мислам ако не се лажам), но мора да прашаме кои сè можности ги има ова оценување па ќе решиме. Инаку кога поднесов барање, ги побарав стандардните параметри, но ако сакате ќе прашаме дали можат ботовите да се автоматски проверувачи или оценувачи. Од дополнителните опции ги земавме автопатролер, патролер, оценувач и уредувач, од кои две се дел од самиот процес на оценување статии. Повторно велам, да не си троршиме време и зборови на оваа тема, зошто ова не е проблемот што Википедија нема нов „кадар“ и го губи стариот. Вака доаѓа дека наоѓаме причина, а не е тоа. И на крај, ако немаме решение за привлекување нови корисници, сто пати подобро е сите кои трошиме време на оваа секција да напишеме по две квалитетни статии, сè за доброто на Вики. Поздрав--Никола Стоіаноски 18:47, 20 декември 2010 (CET)
3. Комуникација
уредиМислам дека комуникацијата меѓу администраторите/постоечките корисници со новите корисници е клучна за зголемување на бројот на нови корисници. Тешко е да се каже низ што поминуваат новите корисници при уредувањето на статии, но секако дека им е добредојдена помош и охрабрување. Кирил ми спомена дека некаде е дискутирано да се формира тим за добредојде. Што мислите за ова? --FlavrSavr (разговор) 14:57, 25 декември 2010 (CET)
Селска Чешма
уредиЗошто пак главниот форум да се вика селска Чешма? на пример можеше да се вика само Форум или пак главен форум а други мои „замерки“ немам кој може да ми одговори како главниот форум го добил ова име нека ми пише во разговор поздрав до сите Википедијци --2z (разговор) 14:49, 29 јануари 2011 (CET)
- На секое јазично издание, заедницата има избрано некое име за оваа страница. На Википедија на македонски јазик, тоа е „селска чешма“, а објаснувањето е заради тоа што во минатото ова место претставувало традиционално место за собиранки и меѓусебни разговори. Како такво, местото останало битов елемент од животот во минатото, а поради сличноста на намената овде, страницата за слободен разговор е именувана така. За жал, корисниците не се во можност да се соберат заедно и да поразговараат, па затоа се одржуваат Вики средби кои имаат за цел запознавање на корисниците во вистинскиот живот.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:01, 29 јануари 2011 (CET)
Уште нешто...
уредиОва што го кажав може да се види на бг википедија -цитирам...Под полни права тој(в.панков -основачот на радко)подразбира бугарскиот литературен јазик да стане службен во р. македонија, како и тоа дека не е доволно бугарите да бидат признаени за малцинство бидејќи според него тие се мнозинство во р.м.
Аман веќе...
уредиАко Бугарот што ја напишал статијата за пророкот Мухамед мисли да не скара
со Македонците - муслимани , нарекувајќи го истиот - цитирам - " водич " наместо водач,
кој "настапува" наместо - проповеда ; ќе се разочара кога ќе види дека истата сум ја поправил...Воедно ги повикувам Македонците од исламска вероисповед истата да
ја прошират и да ја поправат бидејќи јас како православен сигурно имам помалку познавања
од нив.
Novi (разговор) 03:01, 5 септември 2011 (CEST)NoviNovi (разговор) 03:01, 5 септември 2011 (CEST)
Квалитет на статии
уредиПочитувани Википедијанци, би сакал да обрнам внимание на една дискусија во врска со квалитетот на статиите на Википедја на македонски јазик којашто ја започнав пред неколку месеци. Имено, мојот предлог беше оживвуање на ВикиПроектот Одржување, со цел да се започне со средување на статиите означени со шаблоните за подобрување на квалитетот (шаблоните за внимание, викификација и без извори) и да се обрнува повеќе внимание на квалитетот на новосоздадените статии. Во дискусијата учествуваа и други Википедијанци, кои се согласија дека е потребно да се поработи и на тоа, но ефектите кои се постигнати оттогаш, слободно ќе кажам се сведуваат на подобрување во поглед на надгледувањето и подобрувањето само на новосоздадените статии. Можеби бројот на новосоздадени статии расте со поголема стапка од порастот на статии со потреба од подобрување, но факт е дека во апсолутен број се сè повеќе и тоа никако не ја подобрува сликата за Википедија на македонски јазик, туку напротив создава впечаток дека станува збор за склад на нафрлани содржини, а со тоа влијае и на намалувањето на довербата во содржините на Википедија. Затоа и не е случајно што ова го пишувам токму на оваа страница, со надеж дека во најкраток можен рок ќе се преземе нешто конкретно и ќе се поработи на подобрувањето на овие статии. Не мора ова да го завршиме во најбрз можен рок и да ги потрошиме сите ресурси за постигнување на такво нешто, но доколку малку од малку се започне со нешто, се надевам дека ќе се создаде методичност во работата и ефектите ќе излезат на виделина. Благодарам.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:52, 10 март 2012 (CET)