Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Во најчеста употрерба, водата се однесува само на нејзината течна состојба, но материјата има и цврста агрегатна состојба (мраз) и гасна состојба (водни испарувања или пареа). Водата покрива 71% од површината на Земјата. На Земјата, најчесто се наоѓа во океаните и другите големи водни тела, со 1,6% вода под површината во водоносни слоеви и 0,001% во воздухот како пареа, облаци (оформени од цврсти и течни водни честици кои лебдат во воздухот) и кондензација. Океаните содржат 97% од површинската вода, ледниците и поларните ледени капи 2,4% и другите површински води како реки, езера и езерца 0,6%.
Водата на Земјата постојано се движи во циклус на испарување или транспирација (евапотранспирација), кондензација и истечни води кои најчесто стигнуваат до морињата.
Пристапот до безбедна вода за пиење во последнава декада сигурно и значително се подобрува скоро во секој дел на светот. Постои јасна врска меѓу пристапот до безбедна вода за пиење и БДП по глава на жител. Но, некои набљудувачи предвидуваат дека до 2025 повеќе од половина од светското население ќе се соочи со ранливост поврзнана со вода. Во извештај од ноември 2009 се предвидува дека до 2030, во некои региони на светот кои се во развој, побарувачката за вода ќе ги надмине резервите за 50%. Приближно 70% од свежата вода се користи во земјоделството. (Дознајте повеќе...)
На статијата ѝ е потребно средување. Јас започнав и се надевам дека ќе ми се придружи уште некој.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:01, 19 април 2010 (UTC)
Одлична и опширна статија. Секоја чест. Само би сакал да се изврши викифицирање на текстот, има големи делови без никаква внат. врска. --Б. Јанкулоски (разговор) 04:46, 20 април 2010 (UTC)