Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Јосиф Висарионович Џугашвили Сталин (18 декември1878 - 5 март1953), роден во Гори, Грузија, бил дефакто лидер на Советскиот Сојуз од средината на 1920-те години, сè до неговата смрт во 1953. Тој бил четврто дете во семејството кое се родило за помалку од четири години. Првите три деца умреле, поради што мајка му се плашела дека и тој наскоро ќе умре. Оттука може да се разбере нејзината голема преокупираност со него. Името Сталин е политичко име коешто тој си го избрал на 34 години и кое во превод значи челичен човек. Од други извори пак се вели дека прекарот Сталин го добил додека бил во затвор. Од болшевичките револуционери кои учествувале во Октомвриската Социјалистичка револуција во Русија во 1917 година, Сталин бил избран за прв Генерален Секретар на Централниот Комитет на Болшевичката Партија во 1922 година. Успешно ја консолидирал својата власт по смртта на Владимир Илич Ленин во 1924, преку проширување на овластувањата на неговата партиска функција, истовремено елиминирајќи каква било опозиција кон него во партијата. Ја држел оваа партиска функција сè до 1952 кога ја укинал, а владеењето го продолжил преку функцијата Премиер на Советскиот Сојуз, која ја држел од 1941 година, па сè до неговата смрт.
За време на сталиновото владеење, концептот за "социјализам во една држава" станал основен темел на советското општествено уредување. Сталин ја заменил Новата економска политика (НЕП) воведена од страна на Ленин во раните 1920-ти години, со високо централизирана командна економија, започнувајќи период на индустријализација и колективизација, кои резултирале со нагла трансформација на СССР од земјоделско општество во индустриска сила. Но сепак, економските реформи биле пропратени со затворање на милиони луѓе во советските казнено поправни работнички логори познати како гулази, како и со депортирање на милиони луѓе во далечните области на Советскиот Сојуз. Ваквите нагли пресвртници во советското општествено уредување резултирале со прекинато производство на храна и придонеле за Советскиот глад од 1932-1933, познат како Гладомор во Украина, а кој резултирал со смртта на помеѓу 6 и 8 милиони луѓе, од кои 4 до 5 милиони биле Украинци. Подоцна, во периодот од 1936 до 1939 година, Сталин започнал поход против наводни непријатели на неговиот режим, уште попозната како Големата чистка, во која стотици илјадници луѓе биле погубени. Познати личности од Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз како старите болшевици, Лав Троцки и поголем дел од главните команданти на Црвената Армија биле погубени, затворени или прогонети откако биле обвинети и осудени за учествување во заговор за отфрлување на владата на Сталин во однапред наместени судења. (Дознајте повеќе...)
Со оглед на моментниот квалитет на статијата, на истата ѝ го одземав статусот „добра статија“. Ќе ве замолам да ги разгледате забелешките коишто ги оставив и да видите што може да се направи за статијата да се подобри. Понатаму, фактот што има три гласа „За“, а само еден „Против“ не е гаранција дека статијата ќе биде избрана. Не заборавајте дека Википедија не е демократија и одлуките не се донесуваат по пат на гласање, туку по пат на дискусија и наведување на соодветни аргументи.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:01, 28 јули 2013 (CEST)[одговори]
--Kiril Simeonovski (разговор) 16:56, 27 јули 2013 (CEST) Содржински статијата е доста обемна и добро ја обработува темата, но начинот на којшто истата е прикажана е лош. Бројот на поднаслови е релативно мал за да може јасно да се подели содржината во една волку обемна статија и секој од постоечките поднаслови содржи обемен текст којшто му го одвлекува вниманието на читателот. Понатаму, во текстот се среќаваат бројни цитати што се само нафрлени, без притоа да бидат викифицирани со употреба на соодветните предлошки коишто ги користиме на Википедија. Голем проблем во статијата се и наводите и надворешните врски. Во некои од наводите се среќаваат цели непреведени текстови на англиски јазик, некои содржат врски кон имиња на автори на странски јазик, додека има и такви коишто се прикажани како врска сочинета од името на авторот и годината на издавање на делото, но кога ќе се притисне на врската истата не води никаде (на пр. наводот под реден број 21 е насловен „Montefiore 2004, стр. 11.“ и со притискање на врската не се добива никаква подетална информација во врска со делото). Надворешните врски, исто така, не се средени, насловите воопшто не се јасни, се употребуваат зборови на српски јазик, а некои од врските дури и воопшто не водат кон страници на Интернет поврзани со темата. (на пр. втората надворешна врска е насловена „у бројкама}- - Сајт интерног листа ОК НКПЈ Великог Градишта-Нова Револуција“ и со притискање на врската се пристапува кон страница на пребарувачот Yahoo). Не сакам да коментирам за тоа кој, како и кога статијата ја прмовирал во „добра статија“, бидејќи тоа право го имаат сите поискусни корисници коишто умешно можат да проценат дали една статија ги задоволува критериумите или не. Во овој случај, статијата дури не ги задоволува ниту критериумите за „добра статија“. Обично, немам навика да гласам со „Против“ и се трудам да ги исправам грешките и недостатоците доколку можам, но во случајов станува збор за голем број на работи коишто треба да бидат преработени.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:56, 27 јули 2013 (CEST)[одговори]
--Вик Ретлхед (разговор) 18:40, 28 јули 2013 (CEST) Прозата е квалитетно напишана, но статијата не е соодветно викифицирана, илустрациите се неумесно поставени, а и цитатите можат малку естетски да се дотераат.[одговори]