Википедија:Велоекспедиции 2020

„Велоекспедиции“

Во текот на 2020 година била организирана една посебна велоекспедиција во една област, Порече, односно во селата кои не биле опфатени при викиекспедицијата во текот на 2017 година.

Воедно, во текот на 2020 година биле спроведени низа збирни посети на различни места во Македонија.

Прва велоекспедиција

уреди

Порече

уреди

На 19 септември 2020 година (сабота), корисниците Ehrlich91 и Тони Ристов се упатиле кон селата во областа Порече, каде што била спроведена четвртата организирана посебна велоекспедиција.

Еден ден пред започнувањето на Викиекспедициите за 2020 година, корисникот Ehrlich91, заедно со уште член, заминале во областа Порече, која веќе била посетена во склоп на проектот Викиекспедиции во текот на 2017 година. Целта била да се посетат селата до кои тогаш не се стигнало.

Рано изутрината на 19 септември 2020 година, двајцата членови се упатиле од Скопје преку резерватот „Јасен“ до поранешното општинско седиште Самоков, каде ја оставиле својот автомобил и ја започнале експедицијата со своите велосипеди.

Од селото Самоков најпрвин се упатиле кон селото Рамне, до кое водел земјен пат. Во разговор со повратници во селото успешно било пронајдена црквата и биле направени фотограции од куќите во него. Потоа, по земјениот пат се продолжило кон селото Брест, кое всушност било целосно документирано во рамки на експедицијата во 2017 година и затоа брзо се продолжило кон врвот Фојник над селото, од каде се пружал одличен поглед на езерото Козјак. Воедно, таму се наоѓа и малата црква „Св. Преображение“, која била фотографирана.

Од врвот Фојник, се спуштивме до селото Требовље, кое било целосно документирано, поради што низ него само најдовме вода и продолживме кон селото Растеш, каде некое време се обидовме да ја пронајдеме црквата „Св. Никола“, која минатиот пат на експедицијата не била документирана. Откако успешно била пронајдена црквата, екипата продолжила кон селото Битово, а оттаму и над него по патот кој води кон Гостиварско. По тој пат се наоѓа втората селска црква во Битово, црквата „Св. Петар и Павле“, сместена високо над селото. Потоа, над црквата патот се двои и ние продолживме лево кон селото Долно Ботушје, најпрвин пристапувајќи му на Ботушкиот манастир „Успение на Пресвета Богородица“, а подоцна и на самото село.

Бидејќи веќе беше доцна и дознавме дека нема пат од Горно Ботушје за селото Бенче, тој дел од рутата била откажана и Горно Ботушје го фотографиравме само од далечина. Во селото Долно Ботушје ја најдовме главната селска црква „Св. Никола“, која ја фотографиравме и со тоа ја завршивме експедицијата, упатувајќи се на нашата прва точка, Самоков.

Исход

На крајот, експедицијата ја завршивме со посетени и фотографирани 7 села, заедно со бројни цркви и други културни и природни знаменитости.

Галерија

уреди
Статии
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Рамне (Порече) — село   Q3139593 значително подобрена статија
2. Црква „Св. Петка“ - Рамне — црква   Q105871533 нова статија
3. Брест (Порече) — село   Q2924534 подобрена статија
4. Црква „Св. Преображение“ - Брест — црква   Q10949063 подобрена статија
5. Растеш — село   Q3139551 подобрена статија
6. Црква „Св. Никола“ - Растеш — црква   Q105946315 нова статија
7. Битово — село   Q2904932 подобрена статија
8. Црква „Св. Петар и Павле“ - Битово — црква   Q105957925 нова статија
9. Горно Ботушје — село   Q3111344 значително подобрена статија
10. Мала Река (Поречка) — река   Q46898852 подобрена статија
11. Козјак (езеро) — езеро   Q1280860 подобрена статија
12. Долно Ботушје — село   Q3034201 значително подобрена статија
13. Црква „Св. Никола“ - Долно Ботушје — црква   Q105994963 нова статија
14. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Долно Ботушје — црква   Q105995035 нова статија
15. Ботушки манастир — манастир   Q105995333 нова статија
16. Манастиречка парохија — црковна парохија   Q12908392 значително подобрена статија
17. Фојник (планински врв) — планински врв   Q85989930 подобрена статија
18. Вир (Порече) — село   Q3137057 значително подобрена статија
19. Козјак (езеро) — езеро   Q1280860 подобрена статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на велоекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Збирни посети

уреди

Низ текот на целата 2020 година, корисникот Ehrlich91, сам или со други членови, фотографирал бројни недостапни објекти или села, за кои дотогаш немало фотографии на Заедничката Ризница.

Галерија

уреди
Статии
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Црква „Св. Атанасиј“ - Кучково — црква   Q106085544 нова статија
2. Црква „Св. Илија“ - Кучково — црква   Q106091857 нова статија
3. Црква „Св. Благовештение“ - Бањане — црква   Q106096717 нова статија
4. Црква „Св. Илија“ - Горно Нерези — црква   Q106113644 нова статија
5. Црква „Св. Никола“ - Доброште — црква   Q22204579 значително подобрена статија
6. Црква „Св. Богородица“ - Велгошти — црква   Q22204579 подобрена статија
7. Црква „Св. Преполовение“ - Велгошти — црква   Q107567119 нова статија
8. Љуботен (планински врв) — планински врв   Q927599 значително подобрена статија
9. Црвена Вода (Скопско) — село   Q3133853 значително подобрена статија
10. Тресонечка Река — река   Q20943478 подобрена статија
11. Палазлија и Преведена (превој) — превој   Q61120323 подобрена статија
12. Ивање — планина   Q12906663 подобрена статија
13. Првце — село   Q2403428 значително подобрена статија
14. Џамија (Првце) — џамија   Q108180526 нова статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на велоекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Поврзано

уреди