Фојник (планински врв)

планински врв во Македонија
Фојник

Поглед на врвот Фојник од југ
Висина &100000000000014210000001.421 м
Место Македонија Македонија
ВенецСува Гора
Прво освојувањенепознато

Фојник — врв на крајната источна падина на Сува Гора, кој стрмно се издигнува веднаш над левиот западен брег на вештачкото езеро Козјак на реката Треска во областа Порече.

Неговата височина изнесува 1420 метри, а поради неговата местоположба од него се пружа прекрасен поглед на целото езеро Козјак и долината на Треска, како и планината Караџица и масивот Мокра. На самиот врв е изградена црквата „Св. Преображение“, за чија прослава уште одамнина се прави голем општонароден собир, кој е овековечен и со стари слики од теренските истражувања на Порече направени од полскиот етнолог и етнограф Јозеф Обрембски во 1932 година.

Врвот Фојник се издигнува помеѓу селата Брест на југ, Требовље на север, Косово на запад, од каде е можно и неговото искачување, со најдобар пристап за превоз од Самоков, каде се наоѓаат и неколку пештери и природни знаменитости.

Галерија

уреди

41°44′12″N 21°8′57″E / 41.73667° СГШ; 21.14917° ИГД / 41.73667; 21.14917