Википедија:Велоекспедиции 2018
Во текот на 2018 година била организирана втората посебна експедиција во една област, Битолско, односно во потпелистерските села на стариот регионален пат од Битола кон Меџитлија.
Воедно, во текот на 2018 година биле спроведени низа збирни посети на различни места во Македонија.
Прва велоекспедиција
уредиБитолско
уредиЗа време на празничниот викенд 8 и 9 септември, корисникот Ehrlich91 заедно со уште двајца други велосипедисти се упатил кон Битолско, каде што била спроведена втората организирана посебна велоекспедиција.
Тргнувањето за експедицијата било на 7 септември во текот на попладневните часови. По три часа пат, учесниците се сместиле во градот Битола.
На денот на независноста на Македонија, учесниците се упатиле конечно да го освојат Големото Пелистерско Езеро, до кое се обидувале да стигнат и минатата година, но поради студеното време искачувањето било откажано. Овој пат, учесниците повторно имале лоши временски услови, но сепак стигнале до брегот на Големото Езеро на Баба Планина и со тоа успешно бил завршен првиот ден.
Во утринските часови на 9 септември се тргна кон вистински поход за фотографирање на селата под Баба Планина, долж стариот регионален пат од Битола кон границата со Грција. Како и на самите Викиекспедиции, главната цел била правење панорамски фотографии од селата, фотографирање на поважните општествени и верски градби, архитектурата низ селата, како и сите други природни реткости.
Започнавме веднаш од излезот на Битола, каде во населбата Буковски Ливади ја фотографиравме црквата „Св. Троица“, парохиска црква на Буковската парохија. Потоа следувало и самото село Буково, кое се издига веднаш над населбата. Од бројните цркви кои селото ги поседува успеале да фотографираат три.
Селата во овој дел се во непосредна близина едно до друго, но секое поседува сопствена црква, а неколку од нив имаат и манастири, а особено познат е Крстоарскиот манастир, на кој затекнале многубројни посетители.
Покрај Крстоар, подоцна биле посетени и селата Олевени, Барешани и Канино, а до сите нив водат асфалтни патишта.
Веќе на половина од експедицијата одлучивме да појдеме до селото Велушина, кое поседува бројни цркви и убава староградска архитектура, која веќе полека исчезнува со неодржување на старите куќи. Појдовме и до селото Лажец, каде не се снајдовме најдобро и не ја пронајдовме црквата во селото.
На враќање кон Битола, поминавме низ селото Породин, а подоцна го фотографиравме и храмот „Св. Атанасиј“ на селото Жабени, покрај регионалниот пат.
- Исход
На крајот, експедицијата ја завршивме со посетени и фотографирани 9 села, заедно со уште толку цркви и други културни и природни знаменитости.
-
На пат кон Битола на 7 септември
-
Еден од членовите на експедицијата
-
Еден од членовите на експедицијата
-
На пат кон Големо Езеро
-
Минатогодишната крајна точка, планинарскиот дом „Широка“
-
Велосипедот на корисникот Ehrlich91
-
Велосипедот на корисникот Ehrlich91
-
Планински велосипеди на експедицијата
-
Корисникот Ehrlich91 при запишување на посетените села
-
Учесници на експедицијата
-
Учесници на експедицијата
-
По земјени патишта во Велушина
- Статии
Фотографии
уредиСите фотографии направени за време на велоекспедицијата се достапни во следнава категорија:
- Велоекспедиција Битолско на Ризницата ?