Црква „Св. Меркуриј“ - Барешани
Свети Меркуриј (локално позната како Свети Меркули) — главна и единствена манастирска црква на Барешанскиот манастир во битолското село Барешани, Македонија.[1]
Свети Меркуриј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Бистричка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°57′7″N 21°21′1″E / 40.95194° СГШ; 21.35028° ИГД |
Место | Барешани |
Општина | Битола |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Меркуриј |
Изградба | 1836 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Местоположба
уредиМанастирската црква е сместена во горниот дел на селото Барешани.[2]
Историја
уредиЦрквата била подигната во 1836 година и претставува единствена манастирска црква посветена на Свети Меркуриј.[3]
Според натписна табла на самата црква, во нејзе во 1876 година е крстен Ѓорѓи Сугарев.
Архитектура
уредиХрамот претставува трикорабна црква.
Фрескоживопис
уредиНа ѕидовите на внатрешноста нема сочувано ѕидно сликарство.[2]
Иконостас
уредиИконостасот е со два реда на икони, работени од непознат мајстор. Испишаните години на некои од престолните икони, информираат дека тие се насликани во 1853 година.[2]
Занимливост
уредиБарешанци веруваат дека каменот положен покрај темелот од северната фасада на црквата има моќ да им помага на жените кои не можат да останат бремени. Според мештаните, повеќе семејства (христијански и муслимански), кои се помолиле на светиот камен и се измиле со светата вода од манастирот добиле принова.[2]
Галерија
уреди-
Натписна плоча
-
Натписна плоча
-
Годината на изградба
-
Камбанаријата
-
Апсидата
-
Страничен поглед
-
Главниот влез
-
Ниша над главниот влез
-
Предниот дел
-
Поглед на црквата
-
Споредниот влез
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „„Силоамско кладенче" на Барешанскиот манастирот „Св. Меркуриј"“. Македонска нација. Посетено на 2019-02-25.
- ↑ „Свети Меркуриј од Барешани им помага за пород на христијани и муслимани“. apla.mk. Посетено на 2019-02-25.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Меркуриј“ - Барешани на Ризницата ?