Црква „Св. Христофор“ - Крстоар
Свети Христофор — главна манастирска црква на Крстоарскиот манастир во битолското село Крстоар.[1]
Свети Христофор
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Бистричка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°59′19″N 21°20′29″E / 40.98861° СГШ; 21.34139° ИГД |
Место | Крстоар |
Општина | Битола |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Христофор |
Изградба | XIX век |
Завршено | 1837 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Местоположба
уредиЦрквата е сместена на околу 5,5 километри од градот Битола. До него води асфалтен пат, најпрвин до селото Крстоар. Од селото, асфалтниот пат продолжува во должина од еден километар, на моменти стрмен и тесен.[2]
Дополнително, до манастирот може да се пристигне и преку соседното село Буково, од каде преку црквата „Воведение на Пресвета Богородица“, води пешачка патека.[2]
Историја
уредиЦрквата била подигната во четвртата декада од XIX век. Претрпела сериозна обнова во 1926 година.[2]
Архитектура
уредиПретставува прилично голема еднокорабна градба, со петстрана апсида на исток и влезови кон наосот од западната и северната страна, а директно во олтарниот простор може да се влезе преку посебната врата на југоисточната страна.[2]
Историјата на храмот е испишана на мермерната плоча на фасадата над северниот влез.[2]
Фрескоживопис
уредиЖивопис се забележува и на надворешноста, односно има насликана претстава на Свети Христофор над западниот влез. Насликан е во медаљон, претставен во цел раст со повеќето негови атрибути. На рамото го носи малиот Христос, додека во едната рака држи копје, а со левата го придржува маченичкиот крст. Покрај тоа, запишана е 1926 година како година на сликање на претставата.[2]
Во храмот нема сочувано ѕидно сликарство од изградбата на црквата. Оној живопис што може да се сретне во апсидата на црквата и на темето од сводот, насликано е за време на нејзината обнова во 1926 година.[2]
Иконостас
уредиИконостасот во црквата бил направен во третата декада од XX век. Бил направен со три реда на икони, царски двери и високи врати на јужниот и на северниот дел.[2]
Во црквата се зачувани само неколку празнични икони од XIX век.[2]
Галерија
уреди-
Поглед на црквата
-
Знак за изградбата на црквата
-
Влезот во црквата
-
Кратка историја на храмот
-
Дел од храмот
-
Апсидата на храмот
-
Страничен поглед
-
Апсидата на храмот
- Историски фотографии
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 29 април 2019.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Христофор“ - Крстоар на Ризницата ?