Црква „Св. Ѓорѓи“ - Олевени

црква во селото Олевени

Свети Ѓорѓи — главна селска црква во битолското село Олевени, Македонија.[1]

Свети Ѓорѓи

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Бистричка
Местоположба

Карта

Координати 40°57′42″N 21°21′33″E / 40.96167° СГШ; 21.35917° ИГД / 40.96167; 21.35917
Место Олевени
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Изградба почеток на XIX век
Архитектонски опис

Местоположба

уреди
 
Црквата и француските гробишта за Првата светска војна

Црквата се наоѓа на самото сретсело, над малото подрачно училиште во селото.

Храмот се наоѓа на една височинка од каде доминира над поголемиот дел на селото Олевени.[2]

Историја

уреди

Оваа црква е најстара во селото. Се претпоставува дека е подигната на почетокот на XIX век.[3]

Истражувачот Јован Трифуноски запишал дека црквата се нарекува Св. Алимпиј Столпник и била подигната во 1890 година.[4]

Архитектура

уреди

Црквата претставува еднокорабна градба со седумстрана апсида на исток и затворени тремови прилепени крај јужната и западната фасада. Главниот влез во црквата е поставен во средината на јужниот дел.[2]

Внатрешноста на црквата е поделена со прегради во наос, нартекс и олтарски простор. Нартексот на западниот дел е подигнат на повисоко ниво од наосот со неколку скали.[2]

Камбанарија

уреди

Во југоисточниот дел на црквата се извишува камбанаријата. Таа во долниот дел има четвртеста форма за да во горниот, преку осумстраниот тамбур заврши со купола.[2]

Фрескоживопис

уреди

Ѕидовите од внатрешноста на црквата се насликани во целост. Зографот не оставил запис со кој би не информирал за неговото авторство, но според стилските особености може да се претпостави дека се работи за Јосиф Радев од Лазарополе, кој кон последните децении на XIX век е доста активен на ова подрачје.[2]

Иконостас

уреди

На иконостасот се поставени два реда на икони од различни временски периоди и автори. Постарите се датираат според записот во 1839 година. На овој период му припаѓаат повеќето од престолните икони. Царските двери и допојасните претстави на апостолите во горниот ред на икони, според своите одлики припаѓаат на друга зографска работилница. Според годината испишана врз дверите, оваа групација е насликана во 1857 година.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2 март 2019.
  3. „Св. Ѓорѓи село Олевени“. Bitola Info. 2018-02-27. Посетено на 2019-03-02.
  4. Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 210-211. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.

Надворешни врски

уреди