Црква „Св. Атанасиј“ - Велушина

црква во селото Велушина

Свети Атанасиј — селска гробишна црква во битолското село Велушина, Македонија.[1]

Свети Атанасиј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Бистричка
Местоположба

Карта

Координати 40°55′48.7″N 21°20′49.2″E / 40.930194° СГШ; 21.347000° ИГД / 40.930194; 21.347000
Место Велушина
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Атанасиј
Изградба XVII век
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа во селото Велушина, сместена во ограден простор од старите селски гробишта.[2] Таа се наоѓа во Горното Маало на селото, каде биле закопувани и мештаните од тоа маало.[3]

Архитектура

уреди

Претставува мала еднокорабна градба, соѕидана од обичен необработен камен. Во храмот се влегува низ тремот и влезот на западната страна.[2]

Фрескоживопис

уреди

Од ѕидното сликарство сочувано е она од нишата над влезот со допојасната претстава на св. Атанасиј.[2]

Во олтарниот простор, односно на источниот ѕид и апсидната конха, претставени се Пресвета Богородица со малиот Христос и светите отци во долниот појас. Лево и десно од апсидата е сочувана претставана на Благовештението, а во малите ниши од жртвеникот и ѓаконикот се Св. Стефан и Св. Роман. Според стилската анализа ова сликарство припаѓа на уметноста од XVII век.[2]

Иконостас

уреди

На иконостасот од црквата, преовладуваат престолните икони со претставите на Исус Христос, Св. Јован Крстител и Св. Атанасиј од почетокот на XIX век.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Палигора, Ристо (декември 2011). „Студија за манастирски туризам на Баба Планина“ (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2 март 2019.
  3. Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 209-210. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.

Надворешни врски

уреди