ПУ „Крсте Петков Мисирков“ - Лажец

основно училиште во Македонија

Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Лажец; скратено: ПООУ „Крсте Петков Мисирков“) — подрачно основно училиште во селото Лажец, претставува единка на училиштето истоименото училиште од селото Бистрица.

Крсте Петков Мисирков

Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Битола
Наречено по: Крсте Петков Мисирков
Нас. место: Лажец
Адреса: с. Лажец
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: македонски
Контактни информации

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски филолог Крсте Петков Мисирков.

Местоположба уреди

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Лажец, во непосредна близина на некогашниот задружен дом.

Градба уреди

Објектот на училиштето е руиниран, при што најголем проблем претставува покривот на градбата. Покрај покривот, училиштето се соочува со проблеми во инвентарот и во внатрешноста на објектот.[1]

Во март 2019 година била извршена замена на печката за дрва, која се користи за загревање на училиштето. Воедно, отпочнале и активности за санација на покривната конструкција.[2]

Настава уреди

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува на албански и македонски наставен јазик.

Наводи уреди

  1. „Училиштето во село Лажец руинирано, се бараат донацииMeta.mk“. Meta.mk. Посетено на 2019-03-08.
  2. Ана (2019-03-01). „Санирање на подрачните училишта во општина Битола“. А1он. Посетено на 2019-03-08.[мртва врска]

40°54′47″N 21°22′51″E / 40.91306° СГШ; 21.38083° ИГД / 40.91306; 21.38083