Барешански манастир
Барешански манастир — манастир во битолското село Барешани.[1] Комплексот е сместен во самото истоимено село, на падините на Баба Планина.
Воздушен поглед на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Св. Меркуриј“ - Барешани |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | 1836 |
Посветен на | Свети Меркуриј |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | „Св. Меркуриј“ |
Личности | |
Место | |
Место | село Барешани, Општина Битола, Македонија |
Координати | 40°57′7″N 21°21′1″E / 40.95194° СГШ; 21.35028° ИГД |
Видливи остатоци | 1 црква, конаци, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Бистричка парохија) |
Местоположба
уредиМанастирот се наоѓа во горниот дел од селото Барешани и од страна на мештаните е нарекуван Свети Меркули.[2]
До манастирот води асфалтен пат, кој продолжува од сретселото на Барешани.
Историја
уредиМанастирот бил подигнат во XIX век,[2] поточно во 1836 година.
Легенда
уредиМештаните веруваат дека манастирот го изградил нивен соселанец, кој сонил сон додека бил на печалба во Кападокија, каде се наоѓа и гробот на преподобниот Меркуриј. На сонот му било речено „да се вратиш во Барешани, на тоа место има вода и почни да градиш манастир, ќе се вика Свети Меркуриј“. Кога истото му го кажал на агата, кој му бил газда, овој не само што го пуштил назад во селото, туку и му дал пет лири.[3]
Занимливост
уредиСе верува дека манастирот има лековита вода, па така болните што доаѓале, дома се враќале здрави. Легендата вели дека лековитата вода му помогнала и на војводата Ѓорѓи Сугарев од Битола. Имено, неговите родители имале 19 деца, но сите им умреле. Првото дете што им останало живо бил Ѓорѓи, кој се родил во 1876 година и го крстиле во Барешанскиот манастир. Манастирот подоцна станал место за лечење и на душевни болести.[2]
Покрај ова, помеѓу мештани преовладува верување дека каменот покрај темелот на северната фасада на црквата, има моќ да им помага на жените кои имаат проблем да останат бремени. Според барешанци, повеќе семејства (христијански и муслимански) кои се помолиле на светиот камен и се измиле со светата вода од манастирот добиле принова.[2]
Градби во манастирот
уредиМанастирот е составен од трикорабната црква „Св. Меркуриј“, камбанарија и конаци.[2]
Манастирската камбанарија се наоѓа во близина на влезната порта на манастирот, односно во неговиот југоисточен дел. Во западниот дел се наоѓаат обновените манастирски конаци, кујната, трпезаријата, како и собите наменети за престој на верниците.[4]
Црква
уредиЦрквата била подигната во 1836 година и претставува единствена манастирска црква посветена на Свети Меркуриј.[3]
Галерија
уреди-
Помошен објект
-
Гробен споменик
-
Влезната порта
-
Камени споменици во манастирскиот двор
-
Воздушен поглед
-
Конакот
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „„Силоамско кладенче" на Барешанскиот манастирот „Св. Меркуриј"“. Македонска нација. Посетено на 2019-02-26.
- ↑ 3,0 3,1 „Свети Меркуриј од Барешани им помага за пород на христијани и муслимани“. apla.mk. Посетено на 2019-02-25.
- ↑ Admin (2018-02-27). „Манастир Св. Меркурие село Барешани | Битола инфо“. Bitola Info. Посетено на 2019-02-26.
Надворешни врски
уреди- Барешански манастир на Ризницата ?