Вестоверлединген
Вестоверлединген (германски: Westoverledingen) — општина во округот Лер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Вестоверлединген | |
Општинското собрание во Ирхофе | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Лер |
Месни единици | 12 |
Градоначалник | Теодор Дувес |
Основни податоци | |
Површина | 111,9 км2 |
Надм. височина | 4 м |
Население | 21.678 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 194 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | LER |
Пошт. бр. | 26810 |
Повик. бр. | 0 49 55 |
Портал | westoverledingen.de |
Местоположба на Вестоверлединген во рамките на округот Лер | |
Координати | 53°09′0″N 7°28′0″E / 53.15000° СГШ; 7.46667° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиВестоверлединген се наоѓа во јужниот дел на округот Лер во Источна Фризија и во крајниот северозапад на германската сојузна покраина Долна Саксонија. Голем дел од општинското подрачје се наоѓа десно од реката Емс, кај Колдам се наоѓа мала ненаселена површина на спротивниот брег. Општината се граничи со окружниот град Лер и на југ се наоѓа градот Папенбург во округот Емсланд. Средиштето на окружниот град Лер се наоѓа околу 7,5 километри северно од главното место Ирхофе, додека центарот на Папенбург се наоѓа околу 10,5 километри југозападно. Ирхофе се наоѓа на половина пат помеѓу големите градови Олденбург и Гронинген. Олденбург се наоѓа 51 километар на исток, додека холандскиот град Гронинген се наоѓа околу 59 километри на запад.
Соседни општини
уредиВестоверлединген се граничи на запад со градот Венер, со кого е одвоен со Емс. Не постои директна патна врска со Венер, туку само железничка врска, која може да ја користат велосипедисти и пешаци. Северно од општината, на спротивниот брег на Леда се наоѓа Лер. Источно се наоѓа општината Раудерфен. Овие три општини се наоѓаат во округот Лер. Јужно од Вестоверлединген се наоѓа градот Папенбург во Емсланд.
Општински единици
уредиОпштината Вестоверлединген се состои од дванаесет единици (во заградите се бројот на жители во 2020 г.[2]):
- Брајнермор (325)
- Дривер (108)
- Есклум (187)
- Флаксмер (4737)
- Фолмхузен (584)
- Гротегасте (116)
- Гросволде (1670)
- Ирен (1968)
- Ирхофе (3626)
- Митлинг-Марк (168)
- Штенфелде (2254)
- Фелен (5771)
Галерија
уреди-
Ветерница во Митлинг-Марк
-
Вливот на Леда во Емс
-
Училиштен музеј во Фолмхузен
-
Селската црква во Ирхофе
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Gemeinde Westoverledingen: Bevölkerung, abgerufen am 16. März 2022.
Надворешни врски
уреди- Вестоверлединген на Ризницата ?