Велија Рамковски

(Пренасочено од Велија Рамкоски)

Велија Рамковски (Дебреште, Прилепско, 4 февруари 1947) — македонски стопанственик и политичар.[1]

Животопис

уреди

Рамковски е роден во прилепското село Дебреште на 4 февруари 1947 година. Неговото семејство се преселило во Битола во 1952 година, каде што завршил средно економско училиште, а потоа дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1970 година. Работел во неколку општествени претпријатија во Скопје од 1972 до 1990 година, а потоа ја формирал најголемата приватна фирма во СФРЈУнипроком“ во Скопје, 1990, која за своето успешно работење ја добила сојузната награда на Стопанската комора на Југославија. Наскоро потоа ја формирал и првата приватна и една од водечките национални телевизии во Македонија Телевизија А1 (1992). Мошне успешен е и новоформираниот синџир продавници „Хедис“ (формиран 2006) со достигнато ниво од над 30% учество на пазарот (податоци од 2007). Спаѓа меѓу најуспешните стопанственици во Македонија во последната деценија. Основач е на Партијата за економска обнова[2] во 2006 и на Фондацијата „Рамковски“ во 2006 со цел да ги афирмира и популаризира духовните вредности на Македонија, со низа афирмативни национални проекти од областа на историското минато, ликовната уметност и книжевноста: за Крсте Петков Мисирков, кодификаторот на македонскиот литературен јазик и правопис, националниот деец Димитрија Чуповски, писателот Петре М. Андреевски, вајарот Боро Митриќески, сликарите Владимир Георгиевски и Новица Трајковски и други македонски современици. Посебно го популаризира Крсте Мисирков со мултимедијален проект во 28 општини, со подарување на 40.000 примероци од книгата „За македонцките работи“, организирање на „Месец на Мисирков“ на Универзитетот ФОН, поставување споменик на плоштадот „Пела“ во центарот на Скопје (дело на вајарот Боро Митриќески) и востановување на наградата „Крсте Петков Мисирков“, со вкупен фонд од 50.000 евра (пет награди: за наука, за уметност, за економија, за спорт и за животно дело). Ги објавил и првите книги од конкурсот за роман, збирка раскази и збирка песни, каде меѓу наградените писатели биле: Стефан Марковски, Михаил Ренџов и други.

Бил сопственик и на весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е Ре“.

Во декември 2010 година бил уапсен и задржан во притвор. Потоа бил обвинет и осуден за перење пари, за злосторничко здружување, затајување данок и злоупотреба на позицијата. Осуден е на 13 години затвор.

Во август 2017 година, по речиси седум години поминати во затвор, Велија Рамковски излезе на слобода.

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија. II (прво. изд.). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  2. Тодоровска В., Весна. „Формирана нова - Партија за економска обнова“. А1. Посетено на 2009-11-03.

Поврзано

уреди