Васко Ѓурчиновски

Васко Ѓурчиновски (роден на 11 јуни 1970 година во Тетово) — Началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

Васко Ѓурчиновски
Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски2.jpg
Роден11 јуни 1970
Тетово, Република Македонија
Служба1992 до денес
ЧинГенерал-потполковник
ЕдиницаГенералштаб на АРМ
Заповедал соНачалник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија
Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски во касарната „Боро Менков“ во Куманово

Воено образованиеУреди

  • Средно воено училиште на копнена војска, Сараево, БиХ, 1984-1988;
  • Воена академија КоВ, смер пешадија, (Белград и Сараево), 1988-1991;
  • Постдипломски студии (CJSC, Соединети Американски Држави, Kaнзас) 2001-2002;
  • Високи одбранбени студии (Вооружени сили на Република Италија, Рим), 2012-2013;
  • Бројни курсеви за специјални операции во земјата и странство;
  • Курсеви за мировни мисии на Обединетите нации во земјата и странство;
  • Курс за односи со јавноста и штабен офицер во баталјон и бригада;
  • Курс за воена терминологија и комбинирани здружено наменски сили;
  • Основни и напредни курсеви за Англиски и Италијански јазик;
  • Учесник на бројни вежби на специјални единици и единици на копнена војска во земјата и странство;
  • Учесник во мисија на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ 2008-2009.

Воена кариераУреди

  • Командир на противтерористички вод во Воена полиција, Скопје, 1992-1994;
  • Заменик командир на противтерористичка чета, 1994;
  • Командир на противтерористичка чета, 1995-1998;
  • Заменик командант на баталјон за специјални намени, 1998-2000;
  • Началник на С-3 во команда на специјални единици, 2002-2003;
  • Командант на Извидувачки баталјон, 2003;
  • Началник на С-5 во команда на пСО, 2004;
  • Командант на 1. баталјон во 2мпбр, Тетово, 2004-2007;
  • Началник на одделение за обука и вежби во Г-3 на ЗОК, Куманово, 2007-2010;
  • Командант на 3.пешадиска бригада во ЗОК, Куманово, 2010-2011;
  • Аѓутант на Врховниот командант на Вооружените сили на Република Македонија, од март 2011 – февруари 2015;
  • Командант на пСО од 18.08. 2013-18.08. 2015;
  • Командант на здружена оперативна команда 18.08. 2015;
  • Воен претставник на Р. Македонија на НАТО во Брисел;
  • Началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

УнапредувањаУреди

Унапредувања:

  • Потпоручник 1991-1992;
  • Поручник 1992-1995;
  • Капетан 1995-1998;
  • Капетан 1 класа 1998 – 2003;
  • Мајор 2003-2007;
  • Потполковник 2007-2010;
  • Полковник 2010-2013;
  • Бригаден генерал 30.12.2013;
  • Генерал-мајор 30.12.2015;
  • Генерал-потполковник 25.02.2019.

Надворешни врскиУреди