Полк за специјални операции
Полкот за специјални операции е едно од шестте главни тела во структурата на Армијата на Република Македонија. Мисијата на полкот е да обезбеди организирани, обучени и опремени единици за изведување на специјални, високоризични и специфични операции во сите временски и земјишни услови. Составен од Баталјон за специјални намени и Ренџерски баталјон, тој важи за најелитно тело во структурата на АРМ.
Полк за специјални операции | |
---|---|
Ознака на единицата | |
Активна | 2002-2003 (Команда за специјални операции) 2006-сè уште |
Земја | Македонија |
Припадност | АРМ |
Годишнини | 1 март - Ден на единицата |
Одликувања | Орден за воени заслуги |
Команданти | |
Тековен командант | Методи Хаџи Јанев |
Историја
уредиСамиот полк како тело првпат е формиран по воениот конфликт како Команда за специјални операции во чиј состав влегува и тогаш Единицата за специјални намени како нејзин одред, но ваквото тело е расформирано во 2003 година.[1] Денешниот статус на Полк за специјални операции го добива во 2006 година и од тогаш до денес во нејзината структура се Баталјонот за специјални намени и Ренџерскиот баталјон, заедно со основните тела Штабна чета и Чета за логистичка поддршка.
По повод 20-годишнината од основањето на АРМ, Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов во 2012 година го одликувал Полкот за специјални операции со Орден за воени заслуги, високо воено одличје кое се доделува за храброст и истакната служба на воен план,[2] иако бСН уште од 2005 година е одликуван со ова одличје.
Оваа АРМ статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
уреди- ↑ „Соколите на АРМ подготвени за лет“. Дневник. 24 април 2002. Посетено на 19 октомври 2018.
- ↑ „Орден за воени заслуги за Полкот за специјални операции“. Вечер. 14 август 2012. Посетено на 20 октомври 2018.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Полк за специјални операции Архивирано на 20 март 2015 г., официјално мрежно место на АРМ