Ванда Руткевич
Ванда Руткевич (4 февруари 1943 – 13 мај 1992; полски: Wanda Rutkiewicz, мом. Błaszkiewicz) — полска планинарка и хималаистка, електроничар по професија, една од најголемите планинари во светот. Таа била третата жена во светот и првата Европејка која го искачила Монт Еверест, највисокиот врв на светот. На 23 јуни 1986 година, Ванда Руткевич како прва жена го искачила врвот K2.
Ванда Руткевич | |
---|---|
Wanda Rutkiewicz | |
Руткевич како ги искачува Судетите во 1968 г. | |
Роден(а) | Ванда Блашкевич 4 февруари 1943 Плунге, Рајхскомесаријат Остланд |
Починал(а) | 13 мај 1992 Кангченѕунга, Непал | (возр. 49)
Националност | Полјакиња |
Народност | Полјакиња |
Занимање | планинарка |
Познат(а) по | Прва жена-освојувач на К2 |
Животопис
уредиЌерка на инженерот Збигњев Блашкевич и Марија (моминско) Пиеткун. Биле четири деца, имала двајца браќа Јежи, Михал и сестра Јанина. По Втората светска војна, со нејзините родители и постариот брат Јержи, пребегале во Ланкат, каде што живееле нејзините баба и дедо по татко, а потоа се преселиле во Вроцлав [1].Средното образование го завршила во Вроцлав, каде подоцна и студирала на Технолошкиот универзитет. Таму се стекнала со диплома за инженер по електроника и работела на Институтот за автоматизација на електроенергетски систем [2] . Подоцна се преселила во Варшава и се вработила на Институтот за математички машини. Уште за време средно училиште имала афинитети да биде одлична одбојкарка. Играла во првата лига, а дури и се кандидирала за репрезентацијата на Полска.
Своите први контакти со качувањето ги имала во Рудави Јановицки, на карпите во кај Јановице Виелкие, во близина на Јеленија Гора . Во 1962 г. го завршила планинарскиот курс во Хала Гасиеницова на Татри . На овие планини во 1960-ти години искачила многу класични и многу тешки правци , на пр. северната страна на Мал Кежамарски Врв или „R“ варијантата наMонах (1964). Таа открила и неколку нови правци, вклучително и искачувањето на Копрови Врв . Таа, исто така, била член и учесник на спелеолошки експедиции на спелеолошката секција во Вроцлав [3][4] .
По Татрите следеа Алпите (од 1964 г.), Памир, Хинду Куш и Хималаите . Била член на планинарскиот клуб во Вроцлав, а по 1973 г. и на планинарскиот клуб во Варшава.
Достигнувањата на Ванда Руткевич ја вбројуваат меѓу најдобрите планинари во историјата. За своите експедиции, размислувања и искуства често пишувала во планинарски списанија. Била силен активист и решителен спроведувач за независноста на женското качување. Исто така е автор или соавтор на неколку книги.
Се смета за исчезната, од мај 1992 г. за време на самитот на Кангченѕунга. Заедно со Карлос Карсолио на 12 мај во 03:30 часот тргнале од кампот IV на 7950 м. По 12-часовно искачување на длабок снег, Карсолио стигнал до врвот. Надолу, ја пресретнал Ванда на надморска височина од над 8.200 метри. И покрај недостигот на опрема за кампување решила да преноќи и да продолжи со искачувањето, следниот ден. Според тогашната изјава, Министерството за туризам на Непал сметало дека спроведувањето на спасувачка операција е практично невозможно. Информацијата за нејзиното исчезнување пристигнало во Полска по речиси две недели, на 25 мај 1992 г.[5] . Нејзиното тело не е пронајдено [6] .
Ванда Руткевич била запишана во Гинисовата книга на рекорди како првата жена што го достигнала врвот К2 [7] .
Приватен живот
уредиБила во брак двапати. Во 1970 г. се омажила за планинарот Војчех Руткевич. Сецразведе со него во 1973 г.. Нејзиниот втор сопруг бил австрискиот лекар и планинар Хелмут Шарфетер, со кого се омажила во 1982 г. и се развела во 1986 г.[8] .
Календар
уреди- 1964–65 – искачување во Цилерталните Алпи: северозападно крило на Олперер, северната страна на Хохфернершпице ,
- 1966 - Мон Блан без употреба на жичница,
- 1967 г. – првото женско искачување на источната страна на Еги ду Грепон (3482 м) со Халина Кругер-Сирокомска ,
- 19-22 август 1973 г. – северна страна на Ајгер во женската група со Данута Гелнер-Вах и Стефанија Егиерздорф,
- 1978 г. – прво зимско искачување на северната страна на Матерхорн во женски тим со Ана Червињска, Ирена Кеса и Кристина Палмовска .
Други планини
уреди- 1968 г. – источната страна на Тролриген во Норвешка со Халина Кругер-Сирокомска (прво женско искачување, седмо вкупно).
- 1970 - Ленинов врв (7134 м) во Памир, нејзиниот прв врв над седум илјади.
- 23 август 1972 г. - Ношак (7492 м) во Хинду Куш .
- 17 март 1981 г. - тешка несреќа по пад на Елбрус со отворена фрактура на бутната коска.
- 1985 - Аконкагва на Андите од јужна страна во алпски стил.
Хималаи и Каракорум
уреди- 1975 – менаџер и организатор на женската експедиција во Гашербрумс, која е опишана во филмот Точка на вриење
- 11 август – Гашербрум III 7946 м (заедно со Алисон Чадвик-Онишкевич, Јануш Онишкевич и Кшиштоф Зџитовиецки ). Ова е прв рекорд на искачување на ваква висина со учество на жени.
- 16 октомври 1978 г. - Монт Еверест (како трета жена во историјата и прва полјачка).
- 15 јули 1985 г. – Нанга Парбат до ѕидот Диамир (заедно со Кристина Палмовска и Ана Червињска – прво чисто женско искачување).
- 23 јуни 1986 г. - К2 (како прва жена и прва полјачка [9] ).
- 18 септември 1987 г. – Шизапангма (со Ришард Варецки – како први полјаци, Елса Авила, Карлос Карсолио и Рамиро Наварете).
- 12 јули 1989 г. - Гашербрум II .
- 16 јули 1990 г. - Гашебрум I со Ева Панкиевич
- 26 септември 1991 г. - Чо Оју (соло).
- 22 октомври 1991 г. - јужна страна на Анапурна (соло, првично дискутабилно искачување, но подоцна конечно докажано и одобрено).
Вкупно се искачила на осум од четиринаесетте врвови повисоки од осум илјади метри: Монт Еверест, Нанга Парбат, К2, Шишапангма, Гашебрум II, Гашебрум I, Чо Оју и Анапурна .
Книги и публикации
уредиНеколку пати се појавува како автор и соавтор на планинарски филмови и книги:
- „Ако дојдеш под овој ѕид“ (1986)
- „Нанга Парбат 85“ (1986)
- „Реквием“ (1987)
- „Луѓе на Балторо“ (1988)
- „Жени на снегот“ (1990) филм од експедицијата во Гашебрум I
- „Освојувањето на Гашербрумс“, Спорт и туризам, Варшава 1979 г.ISBN 83-217-2255-5
- „На едно јаже“, Национална издавачка агенција, Варшава 1986 г.,ISBN 83-03-01407-2
- „Караван кон соништата“, Краков 1994 г.,ISBN 0-9521421-6-3
Избрани изданија
уреди- „Повеќе за Ванда Руткевич“ – интервју на Барбара Русович и Јоана Бандурска со Ванда Руткевич. Издавачка куќа Торун „Комер“, 1997 г.
- „Сè за Ванда Руткевич: интервју со Барбара Русович“, Вид. Торун, Пила „Комер и еколог“, 1992 г.ISBN 83-85149-03-1
- „Караван кон соништата“ Руткевич, Ванда
- „На едно јаже“ Руткевич, Ванда
- „Освојување на Гашербрум“ Руткевич, Ванда + (редакција )
- „Бегство што е можно повисоко. Незавршениот живот на Ванда Руткевич“, Ева Матушевска, издавачка куќа „Искри“, 2001 г.
- Ана Каминска: Ванда, приказна за моќта на животот и смртта - Приказната за Ванда Руткевич. Краков: Wydawnictwo Literackie, 2017. ISBN 978-83-08-06357-6.
Награди и признанија
уредиКомеморација
уреди- По смртта на Ванда Руткевич, Збигњев Јара напишал песна со наслов Непобедена, посветена на планинарката, објавена во месечникот „Góry i Alpinizm“ [11][12] . Кшиштоф Гајда ја напишал песната Епитафиум за Ванда Руткевич изведена од квартетот ПроФорма [13] .
- Постхумно во 1994 г., како една од првите тројца луѓе, Ванда Руткевич била наградена со Медал на Кралот Алберт I, награда за извонредни планински достигнувања од Фондацијата за спомен на кралот Алберт [10] .
- Таа е патрон на неколку на училиштата во Полска: Основно училиште бр. 300 во Варшава, основно училиште бр.81 во Вроцлав, Општински училиштен комплекс во Јановице Виелкие, училиштен комплекс во Рашка и основно училиште во Духнице [14]
- Именува по неа се улиците во Варшава во областа Виланов, во непосредна близина на училишниот комплекс со нејзиното име во Вроцлав во населбата Гај, улица во Ченстохова во населбата Врзосовјак и улица во Олешница .
- Полската пошта, на 4 февруари 2018 г., во чест на 75 годишнина од нејзиното раѓање, издала разгледница-илустрација на која е претставена Ванда Руткевич додека се качувала на Пиринеите во 1969 г. и поштенска марка што го прикажува Монт Еверест
- На 14 октомври 2017 г. , полскиот театар во Биелско-Бјала поставил монодрама со наслов „Ванда“ базирана на животот на Ванда Руткевич. Автор на текстот е Вислава Сујковска, изведбата ја режирала Марија Садовска и Јоана Грабовиецка, улогата на Ванда ја толкувала Анита Јанчија [15] .
- Со резолуција на Сејмот на Република Полска од 9-тиот мандат на 14 октомври 2021 г., било одлучено 2022 г. да се воведе како Година на Ванда Руткевич . Посебно издание на Сејмската кроника било посветено на покровители на 2022 г.[16] .
Библиографија
уреди- Leksykon polskiego himalaizmu. Polskie Himalaje. Warszawa: Agora SA – Biblioteka Gazety Wyborczej. 2008. стр. 110–111. ISBN 978-83-7552-383-6.
- Wielka encyklopedia tatrzańska. Poronin: Wydawnictwo Górskie. 2004. ISBN 83-7104-009-1.
Наводи
уреди- ↑ Wanda. Opowieść o sile życia i śmierci. Historia Wandy Rutkiewicz., Wydawnictwo Literackie, czerwiec, 2017, ISBN 978-83-08-06357-6 Занемарен непознатиот параметар
|inventor=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help) - ↑ Włodzimierz Wolski, уред. (2012), 60 lat Wydziału Elektroniki Politechniki Wrocławskiej (PDF), Wrocław: Oficyna Wydawnicza Politechniki Wrocławskiej, стр. s. 38 i 270, ISBN 978-83-7493-693-4
- ↑ Ku pamięci
- ↑ Seminarium Ratownictwa Jaskiniowego (PDF), 42, 1966, стр. 42, ISSN 0137-3155 Проверете ја вредноста
|issn=
(help) Занемарен непознатиот параметар|inventor=
(help) - ↑ „Zaginęła W. Rutkiewicz“. Nr 102. 26 maja 1992: 1. Наводот journal бара
|journal=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help) - ↑ Siedem razy siedem, w: Wysokie obcasy: Portrety. Warszawa: W.A.B. 2000. стр. 22–23. ISBN 83-88221-46-9.
- ↑ „First ascent of K2 (female)“ (англиски). 1986.
- ↑ Wanda. Opowieść o sile życia i śmierci. Historia Wandy Rutkiewicz. Wydawnictwo Literackie. стр. 153, 208, 257, 266. ISBN 978-83-08-05978-4.
- ↑ „„Wyglądała, jakby wróciła z Księżyca". 30 lat temu Rutkiewicz stanęła na K2“. 23 czerwca 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 10,0 10,1 10,2 „Wanda Rutkiewicz“. Архивирано од изворникот на 2021-01-26. Посетено на 2022-12-12.
- ↑ „Pierwsze skrzypce“ (полски).
- ↑ „Od materii do metafizyki“ (полски). 2013-06-22. Архивирано од изворникот на 2013-12-15. Посетено на 2022-12-12.
- ↑ „Teksty“ (полски).
- ↑ Szkoła Podstawowa im. Wandy Rutkiewicz w Duchnicach | Strona Szkoły Podstawowej im. Wandy Rutkiewicz w Duchnicach (полски)
- ↑ „Wanda“.
- ↑ Kronika Sejmowa 37 (942) (PDF)