Аконкагва
Аконкагва (шпански: Aconcagua) е највисокиот врв во Аргентина, Америка и највисок врв надвор од Азија со висина од 6.962 метри надморска височина. Врвот се наоѓа на планинскиот венец Анди, на територијата на денешна Аргентина во близина со чилеанската граница, односно на 15 километри од самата граница. Аконкагва е највисок врв во западната и јужна полутопка.
Аконкагва | |
---|---|
Аконкагва од влезот на паркот. | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 6960,8 м [1] |
Истакнатост | 6960,8 м II место[1] |
Заведена како | седум врвови, највисока во земјата, ултра |
Географија | |
Покраина | AR-M |
Матичен венец | Анди |
Искачување | |
Прво освојување | 1897 Матијас Цурбриген |
Најлесен пат | искачување (север) |
Аконкагва и регионот околу врвот се ден од Покраинскиот парк Аконкагва. Самата планина има доста голем број леднички езера, од кои најголемо е Вентискверо Хорконес Инфериор[2].
Галерија
уреди-
Поглед кон Аконкагва.
-
Јужната страна на Аконкагва.
-
Поглед кон јужниот дел.
-
Кампот Колера и искачувачка екипа на Аконкагва
-
Сателитска снимка на регионот околу Аконкагва.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Научен извештај за Аконкагва - колосот на Америка е висок 6960,8 метри“. Universidad Nacional de Cuyo. 2012. Архивирано од изворникот на 2012-09-08. Посетено на 3 септември 2012. (шпански)
- ↑ Servei General d'Informacio de Muntanya, 2002, "Aconcagua 1:50,000 map", published by Cordee
Надворешни врски
уреди- Аконкагва на Ризницата ?
- Највисоки врвови на peakware.com Архивирано на 17 ноември 2001 г. (англиски)
- Interactive Satellite / Карта, слики и информации за Аконкагва Архивирано на 23 февруари 2009 г. (англиски)
- Камера во живо од Аконкагва Архивирано на 4 јуни 2023 г. (англиски)
- Аконкагва: Еверест на секој човек (англиски)
- Првата Македонка на Аконкагва Архивирано на 11 март 2011 г. (македонски)