Ношак
Ношак (дари: نوشاخ) — највисока планина во Авганистан и втора по висина од венецот Хиндукуш со 7.492 м (највисок е Тиричмир). Лежи на границата помеѓу Авганистан и Пакистан. Северната и западната страна на планината се во Авганистан (неговиот северисточен агол), а јужната и источната во Пакистан. Ова е најзападниот врв на светот повисок од 7.000 метри. Најлесниот пристап за искачување е од Вахан во Авганистан.
Ношак | |
---|---|
نوشاخ | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 7.492 м |
Истакнатост | 2.024 м |
Координати | 36°25′54″N 71°49′42″E / 36.43167° СГШ; 71.82833° ИГД |
Географија | |
Место | авганистанаско-пакистанска граница |
Земја | Авганистан, Пакистан |
Покраини | Бадахшан, Авганистан Хајбер Пахтунхва, Пакистан |
Матичен венец | Хиндукуш |
Искачување | |
Прво освојување | 1960 г. од Тошијаки Сакај и Горо Ивацубо (Јапонија) |
Најлесен пат | искачување по ледник/снег |
Историја на искачување
уредиГлавниот дел на Ношак е првпат освоен од јапонска експедиција во 1960 г. под водство на Јаџиро Сакато[1][2] заедно со колегите Горо Ивацубо и Тошијаки Сакај. Ова искачување го следело вообичаениот авганистански приод — западниот срт од ледникот Казидех.
Источниот, средишниот и западниот дел се првпат искачени во 1963 г. од австриските планинари Гералд Грубер и Рудолф Пишенгер.
Академскиот високогорски клуб од Инсбрук, Австрија го извел првиот скијачки спуст од Ношак во 1970 г.[3] Во екипата бил и познатиот метеоролог Карл Габл.[4]
Првото зимско искачување е направено на 13 февруари 1973 г. од Тадеуш Пјотрувски и Анджеј Завада од Полска, изведено од северната страна. Ова било првото зимско искачување во светот на врв повисок од 7.000 метри. Досега останува единственото зимско осовојување на оваа планина.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Japanese team
- ↑ „The HJ/22/19 ASCENT OF NOSHAQ“. The HJ/22/19 ASCENT OF NOSHAQ. Посетено на 8 септември 2023.
- ↑ America Alpine Journal: Noshaq Ski Expedition
- ↑ Ulrich Schwabe: Noshaq on skis
- ↑ „Asia, Pakistani-Afghan Frontier Area, Noshaq, First Winter Ascent“. American Alpine Club. 1974.
Надворешни врски
уреди- Ношак на Ризницата ?
- Ношак на Summitpost (англиски)
- Ношак на Peakbagger (англиски)