Чо Оју
Cho Oyu (Nepali: चोयु; тибетски: ཇོ་བོ་དབུ་ཡ, Вајли: jo bo dbu yag, пинјин: Qowowuyag: кинески: 卓奧友山; пинјин: Zhuó'àoyǒu Shān) — шеста највисока планина во светот со 8,201 метар надморска височина. Името Чо Оју означува „Тиркизно Божество“ на тибетски јазик. Планината се наоѓа помеѓу Тибет (Кина) и Непал. Се наоѓа на 20 километри западно од Монт Еверест.
Чо Оју Cho Oyu | |
---|---|
Чо Оју | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 8201 м 6-то место |
Истакнатост | 2340 м |
Заведена како | Осумилјадник |
Име | |
Превод | Тиркизно божество (Тибетски) |
Географија | |
Место | Непал / Кина (Тибет) |
Матичен венец | Махалангур Химал, Хималаи |
Искачување | |
Најлесен пат | снег/мраз/качување по ледник |
Неколку километри западно од самата планина, се наоѓа Нангпа Ла (5.716 м), леден планински премин кој се користи како главен трговски пат помеѓу Тибеќаните и Шерпите од Кумбуа. Поради близината на преминот и генерално благите падини на стандардниот пат на северозападниот дел, се смета дека е најлесната планина за алпинистички искачувања во групата на планини повисоки од 8,000 метри,[1] па затоа е популарно одредиште за професионалните алпинистички групи.
Македонско искачување
уредиПрв Македонец којшто се искачил на Чо Оју е Сашко Кедев.
Наводи
уреди- Hillary, Edmund (1955). High Adventure. Bloomsbury Publishing. ISBN 0-7475-6696-8. Архивирано од изворникот на 2014-01-16. Посетено на 2014-01-15.