Волчишта (Берско)

село во Берско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Валчишта)

Волчишта (познато како В’лчишта, Вулчишта или Волчица; грчки: Λιβάδι, Ливади; до 1953 г. Βούλτιστα, Вултиста[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, денес во општината Пидна-Колиндар на округот Пиерија, Грција. Населението брои 235 жители (2011).

Волчишта
Λιβάδι
Поглед на црквата „Св. Илија“
Поглед на црквата „Св. Илија
Волчишта is located in Грција
Волчишта
Волчишта
Местоположба во областа
Волчишта во рамките на Пидна-Колиндар
Волчишта
Местоположба на Волчишта во округот Пиерија и областа Централна Македонија
Координати: 40°30′N 22°27′E / 40.500° СГШ; 22.450° ИГД / 40.500; 22.450
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПиерија
ОпштинаПидна-Колиндар
Општ. единицаКолиндар
Надм. вис.&10000000000000195000000195 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно235
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа северозападно од Колиндар, крај самиот пат што води од Либаново за Мелик и Бер, на надморска височина од 195 м.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Иако носи македонско (словенско) име, што е случај со повеќето села во ова подрачје, неговото население уште од порано има грчко потекло.[3]

Првпат името на селото е документирано во 1761 година во црковни документи од Бер. Кон крајот на XIX век богати Грци ја купиле земјата од Турците, која подоцна била подарена на светогорскиот манастир Григоријат.[4]

Во XIX век Волчишта било грчко село во Берската каза на Солунскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Волчица имало 42 жители, сите Грци.[5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Вилчица имало 35 Грци.[6]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 103 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 106.[3]

Во 1953 година, името на селото било променето во Ливади (Λιβάδι).

Стопанство

уреди

Населението произведува жито, а делумно се занимава и со сточарството.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 173 191 315 309 301 243 307 235
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Во 1966 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 15 квадратни километри.[3] Општината Волчишта била приклучена во општината Колиндар во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Пидна-Колиндар.

Селото припаѓа на општинската единица Колиндар со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Пидна-Колиндар, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Волчишта, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

уреди

Цркви

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 270–271.
  4. „Λιβάδι“. web.archive.org. 2007-11-30. Архивирано од изворникот на 2007-11-30. Посетено на 2023-12-17.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 144. ISBN 954430424X.
  6. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 222–223.