Бургенланд (поранешен округ)
Бургенланд (германски: Burgenlandkreis) — поранешен округ на југот на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи биле (од север во насока на стрелките на часовникот) Мерзебург-Кверфурт, Вајсенфелс, Лајпциг, Ашерслебен-Штасфурт, Алтенбург, Грајц, урбаниот округ Гера, Зале-Холцланд, Вајмар, Земерда и Кифхојзер.
Бургенланд Burgenlandkreis | |
---|---|
округ | |
Земја | Германија |
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Укинат | 2007-07-01 |
Седиште | Наумбург |
Површина | |
• Вкупна | 1,040,91 км2 (401,90 ми2) |
Население (2000) | |
• Вкупно | 143,340 |
• Густина | 140/км2 (360/ми2) |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | BLK |
Мреж. место | burgenlandkreis.de |
Историја
уредиОкруго бил основан во 1994 година, кога окрузите Наумбург, Небра и Цајц биле припоени.
Географија
уредиГлавни реки во округот биле Зале и нејзината притока Унштрут, и исто така на југот на округот Вајсе Елстер. Највисоката точка е Зелигенборнберг (355 м), најниската точка е во долината на Зале, во близина на Гозек (97,8 м).
Грб
уредиГрбот прикажува градски ѕид во долниот дел, симболирајќи ги многуте замоци во округот, од кои го добил и името. Шестте зрна грозје ја симболизираат винската култура во областа околу Фрајбург, една од најсеверните вински области во Европа. Мечот и клучот на врвот се симболи за Св. Петар и Св. Павле, патроните на катедралите во Наумбург и Цајц. Овие два симбола се земени од грбот на округот Цајц, кога тој е припоен во Бургенланд. |
Градови и општини
уредиГрадови | Заедница на општини | Слободни општини |
---|---|---|
|
Поврзано
уреди- Бургенланд (округ) — денешниот округ
- Бургенланд — германско име на сојузната покраина Градиште во Австрија
Надворешни врски
уреди- Службена страница (германски)