Градиште (Австрија)
Градиште или Бургенланд (германски: Burgenland; хрватски: Gradišće, словенечки: Gradiščanska, унгарски: Várvidék) — една од деветте сојузни покраини во Република Австрија, која се наоѓа во нејзиниот источен дел. Зафаќа површина од 3.966 квадратни километри и тука живеат околу 285.000 жители. Главен град е Ајзенштат (Железно).
Градиште Burgenland | |||
---|---|---|---|
сојузна покраина во Австрија | |||
Земја | Австрија | ||
Главен град | Ајџенштат | ||
Управа | |||
• Управник | Ханс Нисл (СПА) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 3.961,80 км2 (152,970 ми2) | ||
Население | |||
• Вкупно | 284.900 | ||
• Густина | 0,72/км2 (1,9/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
ISO 3166 | AT-1 | ||
NUTS-регион | AT1 | ||
Гласови во Сојузниот совет | 3 (од 62) | ||
Мреж. место | burgenland.at |
Местоположба
уредиГрадиште го зазема источниот дел на Австрија. Се граничи со:
- на север — Долна Австрија
- на североисток — Словачка
- на исток — Унгарија
- на југ — Словенија
- на запад — Штаерска
Географија
уредиСо површина од 3.966 квадратни километри, Градиште е една од помалите покраини во Австрија. Според релјефот, поголемиот дел е во склоп на Панонската Низина, а мал дел на запад е во склоп на планинскиот венец на Алпите. Климата е претежно континентална. Водите ги застапуваат многу реки и езера, меѓу кои најпознато е Нежидерското Езеро, на границата со Унгарија.
Население
уредиСо над 285.000 жители и густина на населеност од 72 жит./км2 Градиште е последна по бројност покраина во Австрија. Најголемиот дел од населението го сочинуваат Австријци, но има и значителен број на Хрвати и Унгарци. Во последните години има и многу доселеници од другите поранешни југословенски републики и од Турција, но не толку како во останатите делови на Австрија.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Градиште (Австрија) на Ризницата ?
- Управен портал на Градиште (германски)