Богатството од Ланганатис
Богатството од Ланганатис се однесува на голема количина обработени златни предмети, за кои се верува дека е закопано во планинскиот венец Ланганатис во Еквадор. Според верувањата, богатството го закопал Румињахуи.
Цивилизација на Инките |
---|
Во 1532 година Франсиско Писаро го основал градот Сан Мигел де Пиура и го започнал колонизирањето на Тавантинсују. Истата година подоцна, го заробил Сапа Инка Атахуалпа во Кахамарка. Кога видел Атахуалпа дека Шпанците го вреднуваат и посакуваат златото повеќе, тој им ветил една соба полна со злато во замена за неговата слобода. Писаро се согласил на ова, иако немал намера да го ослободи Атахуалпа. Пред да се наполни собата со злато, на 26 јули 1533 година Писаро го егзекутирал Атахуалпа.
Така, според легендата, кога Атахуалпа ветил злато, генералот Румињахуи тргнал накај Кахамарка со големата количина злато, но по пат дознал дека Сапа Инката бил убиен. Не се знае точната количина на злато, поради незабележаните историски податоци. Набрзо тој тргнал кон Кито, се искачил на планината Ланганатис и го фрлил златото во езеро. Румињахуи продолжил со борбата против Шпанците, но бил заробен и мачен и никогаш не кажал за златото. Голем број на трагачи го барале златото, но никогаш не го пронашле.
Користена литература
уреди- Richard Spruce 'Notes of a Botanist on the Andes and Amazon'
- Pedro Cieza de Leon 'The Discovery and Conquest of Peru'
- John Hemming 'The Conquest of the Incas'
- Erskine Loch 'Fever, Famine and Gold'
- Jorge Anhalzer 'Llanganati'
- Hamish MacInnes 'Beyond the Ranges'
- Rolf Blomberg 'Buried Gold and Anacondas'
- Mark Honigsbaum 'Valverde's Gold'
- Rob Rachowiecki and Betsy Wagenhauser 'Climbing and Hiking in Ecuador'
- WH Prescott 'History of the Conquest of Peru'
- Garcilaso de la Vega 'Comentarios Reales'
- Luciano Andrade Marin 'Viaje a las Misteriosas Montanas de Llanganati'