Благојче Божиновски

Благојче Божиновски (4 април 1974-, Битола) — македонски театарски режисер, сценарист, кинорежисер[1].

Благојче Божиновски
Роден 4 април 1974(1974-04-04)(50 г.)
Битола, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Народност Македонец
Занимање режисер
сценарист
кинорежисер

Животопис

уреди

Благојче Божиновски е роден на 4 април 1974 година во Битола каде го завршил основното и средното образование. Дипломирал на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, оддел - режија.

Има режирано повеќе драмски и филмски дела. Карактеристично за неговото творештво е режијата на повеќе документарни ТВ проекти за ТВ и друг вид. Има остварување на проект за Пелистер и Монт Еверест, за културното наследство на Битола и пошироко. Проект-филм co документарно - играна тематика за Битола во времето на Османлиската Империја, „Крчма на патот за Европа“.[2].

Театарска режија

уреди

Божиновски ги режирал следните театарски проекти (избрани дела):

Година Претстава Забелешка
2020 Кралица на Музиката музичко-сценска претстава, продукција на Ад Медија –

Скопје

2015 Марија од Буенос Аирес” режија, опера, продуција на „Витраж“.
2014 Тхе Опера Хоусе” режија, опера, продуција на „Витраж“
2013 Есенин режија, театарска претстава, автор Марјан Нечак,продукција на Народен театар (Битола).
2007 Враќање режија на театарска претстава, автор Харол Пинтер, НУЦК „Антон Панов”- Струмица.
2009 Подземни соништ театарска претстава, режија и сценарио, НУЦК “Трајко Прокопиев” -Куманово
2006 Фарса за храриот Науме” театарска претстава, автор Русомир Богдановски, .режија, Градски театар- Охрид.
2005 Испревртена приказна” режија и сценарио,„Театар во формирање”- Охрид.
2005 Миротворец театарска претстава, автор Дејвид Холман. режија, „Детски Театарски Центар”- Скопје
2005 Вообразен Болен” театарска претстава, автор Жан Батист Поклен Молиер. режија, НУЦК

Театар „Јордан Х.К-Џинот“, Велес

2004 Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз” театарска претстава, автор Виктор Иго,. режија, НУЦК Театар „Јордан Х.К-Џинот“, Велес
2002 Процес театарска претстава, автор Ана Динковска., режија, Народен театар „Војдан Чернодрински“
2001 Дупло дно” театарска претстава, автор Горан Стефановски.. режија, НУЦК Театар „Јордан Х.К-Џинот“, Велес
2001 Хамлет-Ремаке театарска претстава, автор Светислав Басара, режија, Народен театар - Струмица
2000 ЛАРВА- ЛАРВА” театарска претстава, автор Мики Душански, режија, Народен театар - Штип
1999 Љубовта на Перлимплин и Белиса театарска претстава, автор Федерико Гарсија Лорка, режија, Народен театар (Битола)
1999 Вазна од порцелан театарска претстава, автор Југослав Петровски, режија, „Јордан Хаџи Констадинов-Џинот “ Велес.
1997 Дома... театарска претстава, автор Људмила Разумовскаја, режија, Народен театар (Битола)
1996 Мајсторот и Маргарита театарска претстава, автор Михаил Булгаков, асистент по режија, Народен театар (Битола)
1995 Креонтова Антигона театарска претстава, автор Миро Гавран, режија, независна продукција.
1993 Меѓу четири ѕидови театарска претстава, авторски проект по сопствено сценарио и режија
1992 Двобој со сенката театарска претстава, авторски проект по сопствено сценарио и режија
1991 Илузија театарска претстава, авторски проект по сопствено сценарио и режија

Филмско-документарни проекти

уреди

Бошиновски бил сценарист и режисер на следните филмски проекти (сечекција)

Година Филм Забелешка
2020 год КУЛТ АРТ- 11 промотивни спотови на археолошки –културни- споменици кои се подзаштита на Министерството за Култура на Р.С. Македонија во соработка на здружение ГРИН ЛИСТ-Битола и Министертво за култура на Р.С. Македонија
2017 Градбите на Битола кратки филмови, 20 епизоди
2017 Од Манастири до Битола краток филм
2017 Сеќавања краток филм
2014 Хераклеа- антички центар на модата серија во 10 епизоди
2013 Во светот на античката медицина серија во 13 епизоди
2012 Вкусовите на античката храна серија во 10 епизоди
2011 2012 год. Авторски проект : Македонско природно културно наследство-документирана видео разгледница„ во соработка на Здружение Грин Лист и Министерство за култура на Р Македонија.
2003 Документарен филм “Битолско деноноќие” по сопствено сценарио. Во продукција на “ Видео дизајн”-Битола

Наводи

уреди
  1. „БЛАГОЈЧЕ БОЖИНОВСКИ“. Архивирано од изворникот на 2023-02-05. Посетено на 2023-02-05.
  2. спектакл „Нож“[мртва врска]