Бел воден божур

(Пренасочено од Бел воден лилјан)

Бел воден божур или бел лотос (науч. Nymphaea alba) — водно цветно растение од семејството на водните божури (Nymphaeaceae)[3] застапено во Северна Африка, умерените делови на Азија, Европа и тропска Азија (Индија).[4]

Бел воден божур
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
Ред: Воднобожуровидни
Семејство: Водни божури
Род: Воден божур
Вид: Бел воден божур
Научен назив
Nymphaea alba
L.
Синоними

Опис

уреди

Растението вирее во вода со длабочина од 30-150 см во поголеми бари, мочуришта и езера.

Листовите достигнуваат пречник од 30 см, а секое растение се разлистува во пречник од 1,5 м.[3] Цветовите се бели, со бројни прашници.[5]

Таксономија

уреди

Растението прв го опишал шведскиот ботаничар Карл Линеј во делото Species Plantarum („Растителни видови“) од 1753 г.[4][6]

Црвената разновидност (Nymphaea alba f. rosea) е воведена откако е откриена на почетокот на XIX век во езерото Фагертерн крај шумата Тиведен во Шведска. Ова довело до прекумерно отстранување на растенијата од дивината сè до нивната заштита со закон.[7]

Снежнобелиот воден божур (Nymphaea candida J. Presl) понекогаш се смета за подвид на белиот воден божур (N. alba L. subsp. candida (J. Presl) Korsh.).[5]

Распространетост и живеалиште

уреди

Овие растенија се среќаваат во слатки води ширум Европа, делови од Северна Африка и Блискиот Исток.[5]

Фитохемија

уреди

Белиот воден божур ги содржи активните алкалоиди нуфарин и нимфеин, кои имаат дејство на седатив. Иако растението се користи во целост, се смета дека најсилно дејство имаат цветните делови. Во минатото, калуѓерите и калуѓерките го толчеле неговиот корен и го ставале во вино; добиениот напиток се пиел како средство за потиснување на половиот нагон (анафродизијак).[8]

Наводи

уреди
  1. NatureServe (2013). Nymphaea alba. IUCN Red List. Version 2014.3. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 30 January 2015.
  2. „Nymphaea alba L. is an accepted name“. theplantlist.org. 23 March 2012. Посетено на 23 October 2017.
  3. 3,0 3,1 „White Water Lily (Nymphaea odorata)“. www.dnr.state.mn.us. Minnesota Department of Natural Resources. Посетено на 18 August 2015.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Taxon: Nymphaea alba L.“. Посетено на 23 October 2017.
  5. 5,0 5,1 5,2 Андерберг, Андерс (1996). „Бел воден божур“. www.linnaeus.nrm.se. Природонаучен музеј на Шведска. Посетено на 18 August 2015. (шведски)
  6. „Nymphaeaceae Nymphaea alba L.“. .pni.org. Посетено на 23 October 2017.
  7. Wallsten, Maud; Thorson, Jan; Werlemark, Gun (2005). „Härstammar Claude Monets röda näckrosor från Fagertärn i Närke?“ (PDF). Svensk Botanisk Tidskrift (99:3–4): 146–153. Архивирано од изворникот (PDF) на 4 March 2016. Посетено на 18 August 2015.
  8. Nielsen (1979). Giftplanter [Poisonous plants]. Gyldendals grønne håndbøger (норвешки). Cappelen. стр. 68–69. ISBN 8701318411.

Надворешни врски

уреди