Беглериево

село во Кукушко, Егејска Македонија
(Пренасочено од Беглерија)

Беглериево (Беглерија или Бејлери, грчки: Ξηρόλακκος, Ксиролакос, до 1926 г. Μπεϊλερλή, Бејлерли[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Сè Втората балканска војна било населено исклучиво со Македонци.[3]

Беглериево
Ξηρόλακκος
Беглериево is located in Грција
Беглериево
Беглериево
Местоположба во областа
Беглериево во рамките на Кукуш (општина)
Беглериево
Местоположба на Беглериево во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°57.16′N 22°40.33′E / 40.95267° СГШ; 22.67217° ИГД / 40.95267; 22.67217
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаКукуш
Општ. единицаРугуновец
Надм. вис.&1000000000000007000000070 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно18
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа јужно од градот Ругуновец, на левиот брег на Вардар.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г., Беглерија (Begleria) било село во Кукушката каза со 15 домаќинства на 68 Македонци.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 г. Бејлери броело 125 жители, сите Македонци христијани.[4][6]

Во Калиново пуштило корени унијатството, но во 1900 г. селото се откажало од него и станало егзархиско. Причината за ова е фактот што православните егзархиски свештеници им забраниле на нивните верници да склучуваат бракови со унијатите.[7]

Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев во 1905 г. во Беглерија (Begleria) имало 152 Македонци, сите под Егзархијата.[4][9]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Беглериево имало 35 куќи на Македонци христијани.[10]

Во Грција

уреди

Беглериево е запалено од грчката војска во Втората балканска војна (1913), а населението избегало од селото — 11 семејства во Струмица и Струмичко, а 19 семејства во Бугарија. Истата година селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор.[3] Малку подоцна во Беглериево се доселиле 14 македонски смејства од струмичкото село Зубово кога грчката војска ја напуштала Струмица.[3] Со создавањето на Кралството СХС во 1919 г. тие се вратиле во родното село, а атарот на Беглериево бил откупен од велепоседничките семејства Бога, Зута, Брова и др.[3] Поседниците откупиле 1.200 хектари земја каде одгледуваат жито и памук со современа механизација. Во 1928 г. овие семејства броеле 101 жител.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 70 80 90 93 74 71 18
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 75. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 162–163. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 165. ISBN 954430424X.
  7. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов. Гръцката и сръбската пропаганди в Македония. Краят на XIX – началото на ХХ век, София, Македонски научен институт, 1995, стр. 18.
  8. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 98–99.
  10. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 32.