Бања (Населичко)
Бања (грчки: Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви; до 1927 г. Μπάνια, Бања[1])— поранешно село во Населичко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Горуша во областа Западна Македонија, Грција.
Бања Αγία Παρασκευή | |
---|---|
Координати: 40°16′N 21°14′E / 40.267° СГШ; 21.233° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Горуша |
Општ. единица | Цотил |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓало во областа Населица, 15 км југозападно од градот Лапчишта и околу 10 км западно од Цотил.
Историја
уредиСпоред податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Бања живееле 55 Грци.[2] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Бања (Bania) има 55 Грци под патријаршијата. Според грчка статистика од 1910 г. населението на селото броело 45 жители,[3]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во истата година во Бања се запишани 43 жители.[4] Во 1927 г. селото е преименувано во Агија Параскеви. Во пописот од 1928 г. е забележано со 26 жители, а во 1940 г. со 27 жители.[4] Бидејќи Бања настрадала во времето на Граѓанската војна, жителите го напуштиле селото. По војната, селото не било обновено.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Πανδέκτης: Bania -- Agia Paraskevi“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-07-15.
- ↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.45“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-07-15.
- ↑ „PDF pager“. anemi.lib.uoc.gr. Посетено на 2023-07-15.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 333.