Баб ел-Мандеб

(Пренасочено од Баб-ел-Мандеб)

Баб ел-Мандеб (арапски: باب المندب) — проток меѓу Јемен на Арапскиот Полуостров и Џибути и Еритреја на Африканскиот Рог. Ги поврзува Црвеното Море и Аденскиот Залив.

Баб ел-Мандеб
باب المندب
Сливни земји Џибути
 Еритреја
 Сомалија
 Јемен
Најг. должина130 км
Најг. ширина40 км
Прос. длабочина186 м

Преглед

уреди
 
Топографска карта на Црвеноморјето. Баб ел-Мандеб се наоѓа во долниот десен дел

Името на протокот значи „порта на маката“ или „порта на солзите“, кое го добило поради опасноста при неговото преминување или, според едно арапско предание, поради големиот број на удавени во земјотресот кој ги одвоил Азија и Африка.

Баб ел-Мандеб е стратешка врска помеѓу Индискиот Океан and the Средоземното Море, преку Црвеното Море и Суецкиот Канал. Во 2006 г. низ протокот минувале 33 милиони барели (5.200.000 м3) нафта дневно (вкупниот танкерски превоз на нафта во светот изнесува 43 милиони барели дневно).[1]

Протокот е широк околу 30 км, од ’ртот Менхели во Јемен до ’ртот Сијан во Џибути. Поделен е на два помали премини со островот Перим. Источниот е наречен Александров Проток (Баб Искендер), широк е 3 км и длабок е 16 сажени (30 м). Десниот е наречен Дакт ел-Мајун и има ширина од 25 км и длабочина од 170 сажни (310 м). Недалеку од брегот на Џибути има група помали острови, наречени „Седум Браќа“ или Саваби. Површинската струја во источниот канал води навнатре, додека пак под онаа под неа тече нанадвор, кон западниот премин.

Според африканскат хипотеза за потеклото на човект, протокот Баб ел-Мандеб е веројатно место на првите иселување на денешниот човек (не вклучувајќи ги другите хоминини) од Африка, пред околу 60.000 години.[2][3] Се претпоставува дека тогаш морското ниво било многу пониско, а протокот бил многу поплиток или воопшто немал вода, овозможувајќи да се случат низа преселби долж јужниот брег на Азија.

Според Етиопската православна црква, преку протокот поминале првиоте семитски доселеници (говорници на гиз) во Африка, што се случило во времето еврејскиот на родоначалник Јаков (околу 1900 г. п.н.е.).[4]

Најзначајна политичка сила на ова подрачје било Аксумското кралство на Африканскиот Рог, кое потоа се проширило и на Арапски Полуостров со освојувањето на Химјарското кралство.

Мост преку протокот

уреди

Во 2008 г. е претставен план за изградба на мост преку протокот, наречен „Мост на роговите“, поврзувајќи ги Јемен и Џибути.[5] Ова би бил најдолгиот висечки мост на светот .[6]

Како подрегион

уреди

Баб ел-Мандаб претставува и подрегион на Арапската лига, кој ги опфаќа Џибути, Јемен и Сомалија.

Демографија

уреди
Баб ел-Мандеб:[7]
Земја Површина
(км2)
Население
(2013)
Густина
(жит/км2)
Главен град БДП (ПКМ)
во долари
БПП/жител (ПКМ)
во долари
  Џибути 23.200 792.198 96,4 Џибути 2.379 2.676
  Сомалија 637.657 10.251.568 41,17 Могадишу 5.896 600
  Јемен 527.829 23.833.000 44,7 Сана 58.202 2.249
Вкупно 1.188.686 34.876.766 29,3
66.477 1841

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Контролни места на светскиот нафтен сообраќај — Управа за енергетско информирање на Министерството за енергетика на САД (англиски)
  2. Spencer Wells, The Journey of Man
  3. Stephen Oppenheimer. The Gates of Grief Архивирано на 30 мај 2014 г.
  4. Учења на црквата — портал на Етиопската православна црква
  5. BBC NEWS | Africa | Tarek Bin Laden's Red Sea bridge
  6. Tom Sawyer (May 1, 2007). „Notice-to-Proceed Launches Ambitious Red Sea Crossing“. Engineering News-Record. Архивирано од изворникот на 2009-02-11. Посетено на 2015-01-29.
  7. „[[Светска книга на факти на ЦИА]]“. Светска книга на факти. Лангли, Вирџинија: Централна разузнавачка агенција. URL–wikilink conflict (help) (англиски)

Надворешни врски

уреди

12°35′N 43°20′E / 12.583° СГШ; 43.333° ИГД / 12.583; 43.333