Минангкабајски јазик

Минангкабајски јазик (Baso Minangkabau; индонезиски: Bahasa Minangkabau) — австронезиски јазик што го говори народот Минангкабау во Западна Суматра, западниот дел на Ријау, на југот на Ачех, северот на Бенкулу и Џамби, како и од доселениците во неколку града низ Индонезија.[1] Јазикот претставува и лингва франка долж западното крајбрежно подрачје на покраината Северна Суматра. Се говори и во извесни делови на Малезија, особено во сојузната држава Негери Сембилан.

Минангкабајски
Baso Minangkabau
Застапен во Индонезија
 Малезија
ПодрачјеЗападна Суматра, Ријау, Џамби, Бенкулу, Северна Суматра, Ачех (Индонезија), Негери Сембилан (Малезија)
Говорници8,5 милиони  (2011)
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-2min
ISO 639-3или:
min — минангкабајски
zmi — негерисембилански малајски

Поради големите граматички сличности помеѓу минангкабајскиот и малајскиот, статусот на нивното сродство е спорен. Некои го сметаат за дијалект на малајскиот, додека други тврдат дека е посебен јазик од истата група.

Дијалекти

уреди

Јазикот има неколку дијалекти кои напати се разликуваат и од село до село (на пр. преку река). Тие се: рао мапат тунгул, муаро сунгај лоло, пајакумбух, панкалан-лубук алај, агам-танах датар, панчунгсоал, котобару, сунгај бендунг аир и карангањар.[2] Во секојдневното општење, членовите на народот Минангкабау од разни области го користат дијалектот агам-танах датар (наречен Baso Padang или Baso Urang Awak = „нашински јазик“) кој има улога на стандард.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Kajian Serba Lingustik : Untuk Anton Moeliono Pereksa Bahasa (2000)
  2. Nadra, Reniwati, and Efri Yades, Daerah Asal dan Arah Migrasi Orang Minangkabau di Provinsi Jambi Berdasarkan Kajian Variasi Dialektikal (2008)