Астрологија

(Пренасочено од Астрологијата)

Астрологија (грчки: αστρολογία - наука за ѕвездите) се занимава со проучување на движењето и положбата на небесните тела и нивното влијание врз Земјата, врз човекот и неговата судбина. Луѓето кои се занимаваат со астрологија се нарекуваат астролози. Основачи на астрологијата се Халдејците.[1]

Астрологија
Почетоци
Историја на астрологијата
Историја на астрономијата
Астрологија и астрономија
Традиции
Вавилонска астрологија
Арапска и персиска астрологија
Кинеска астрологија
Египетска астрологија
Хеленско-римска астрологија
Индиска астрологија
Исламска астрологија
Сидерална астрологија
Западна астрологија
Видови
Хороскоп
Натална астрологија
Годишен хороскоп
Хорарна астрологија
Мундана астрологија
Категории
Астролози
Портал:Астрологија


Зодијак од антички ракопис

Хороскоп

уреди

Најпознат израз во астрологијата е астролошката карта, попозната како хороскоп. Хороскопот се прави според точно определено време и положба на Земјата, а неговото толкување се заснова врз синтеза од четири основни елементи:

Важно е да се напомене дека не треба да се мешаат поимите астрономија и астрологија.

Поделба на астролошките знаци

уреди

Како што е познато, постојат дванаест астролошки знаци и се распоредени во следниот редослед: Овен, Бик, Близнаци, Рак, Лав, Девица, Вага, Скорпија, Стрелец, Јарец, Водолија, Риби.

 
Астролошките знаци

Тие понатаму се делат на две групи: по квалитет и елемент.

По квалитет, астролошките знаци се делат на:

По елемент, знаците се делат на:

  • оган: Овен, Лав и Стрелец
  • вода: Рак, Скорпија и Риби
  • земја: Бик, Девица и Јарец
  • воздух: Близнаци, Вага и Водолија.

Поделба на астрологијата според предметот и начинот на изучување

уреди

Хорарна астрологија - дава одговор на конкретно прашање. Астролошката карта се изработува според времето и местото во коешто е поставено прашањето на астрологот. Едноставна и практична е бидејќи се толкува само оној дел од астролошката карта, што е опфатен од прашањето.

Натална астрологија - се занимава со делови од животот на поединецот, како што се психолошката структура, карактер, наследни особини, физичка градба и кондиција, односите со околината, со луѓето и ситуациите кои ни ги носи животот. Наталната карта се изработува според времето (датум, час и минута) како и место на раѓање. Картата е основа за сите наредни предвидувања, синастриски карти итн.

Синастрија или споредбена астрологија - ова е гранка на астрологијата што се занимава со односите помеѓу две лица на основа на нивните натални карти, при што се обраќа внимание дали двата знака си одговараат по елемент и квалитет, меѓусебните планетарни односи, влијанието на планетите на астролошката куќа итн.

Мундана астрологија - се анализираат и прогнозираат сите случувања внатре во државата и народот, од политички, воени, економски, па сѐ до природните непогоди и катастрофи. Овој хороскоп се изработува врз основа на времето кога се случил или почнал да се случува настанот. На пример, хороскоп на држава се изработува според времето и местото на прогласување на независност, воспоставување на нов режим и слично.

Модерна астрологија

уреди

Модерната астрологија се дели на:

Од историски аспект се познати многу астрологии што денес веќе не се употребуваат. Такви се: арапска и персиска астрологија, вавилонска астрологија, египетска астрологија, грчка астрологија и маиска астрологија.

Астрологијата како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди

Надворешни врски

уреди


  1. A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 226.
  2. Horhe Luis Borhes, Šifra. Beograd: Paidea, 2012, стр. 86-87.