Променливи знаци
Во астрологијата, променливите знаци се група од четири знака од Зодијакот. Наречени се променливи, бидејќи со нив завршуваат годишните времиња кои ги претставуваат тие знаци.
Се смета дека луѓето родени во овие знаци најлесно можат да се прилагодат на околностите, и дека не се толку истрајни и енергични како другите знаци. Тие не бараат да водат, туку повеќе сакаат да служат.
Променливи знаци
уреди- Близнаци () - ја претставува сезоната меѓу пролетта и летото. Бидејќи е воздушен знак, се смета за знак кој има најдобри коминикативни способности.
- Девица () - е крај на летото и почеток на есента. Бидејќи е истовремено и земјен знак, Девицата е прецизна и детална.
- Стрелец () - се наоѓа на премин меѓу есента и зимата. Стрелецот спаѓа во огнените знаци, а бидејќи е променлив се поврзува со патување и учење.
- Риби () - крајот на зимата и почеток на пролетта. За Рибите се вели дека своите променливи одлики ги покажуваат на емотивно поле, што е карактеристично за водените знаци.